Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

    26.05.2026 во 08:39

    Инспекциските служби излегле на терен – Казни за инвеститорот по свлечиштето во Центар

    26.05.2026 во 08:34

    Сопругата на Ристе Велков скршена: „Чувај го нашиот принц таму горе како што го чуваше на земјата”

    26.05.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство
    • Инспекциските служби излегле на терен – Казни за инвеститорот по свлечиштето во Центар
    • Сопругата на Ристе Велков скршена: „Чувај го нашиот принц таму горе како што го чуваше на земјата”
    • Тошковски за „Мазут”: Знам докази кои вие не ги знаете, ќе бидете шокирани
    • Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања во Скопје
    • Сиљановска-Давкова ќе ги додели наградите „Women in Tech® Macedonia Awards“
    • Заемот од 260 милиони евра пред пратениците
    • Хрватскиот премиер во посета на Македонија – Тет-а-тет средба со Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

    Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

    26.05.2026 во 08:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 Степени“ на МРТ 1 ја образложи идејата за воведување паметен систем за постапување во случаи на семејно насилство, со кој државата би можела во реално време да реагира на пријави од жртви.

    Тој појасни дека системот би овозможил брза координација меѓу полицијата, здравствените и социјалните служби, со цел најбрз можен одговор и заштита на жртвата.

    Тошковски додаде дека идејата вклучува и можност, со согласност на жртвата, преку мобилен телефон да се овозможи аудио и видео снимање како доказен материјал, при што посочи дека сличен систем делумно веќе функционира преку бројот за итни случаи 112.

    Во однос на критиките од опозицијата, министерот ги оцени како неосновани и изјави дека станува збор за „сулуда имагинација“.

    -Кога говориме, особено за право на живот, не можеш да го компарираш со ниедно друго право. Правото на живот не можеме, пак ќе повторам, да го компарираме со било кое друго право. Така што можноста со еден ваков паметен систем државата да знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може да се упатат кон жртвата, каде е најбрзата здравствена услуга којашто може да биде дадена, каде е најбрзиот социјален одговор од страна на експерти којшто може да биде даден и така натаму. Да говориме за еден паметен систем којшто, зошто да не, би ги вклучил невладините организации, во делот на одговорот и притоа сето тоа да биде во еден електронски систем којшто ќе треба да биде максимално респонзивен, максимално брзо респонзивен, а притоа секој еден доказ којшто го обезбедуваме веднаш да влезе во рамки на систем кој – не само МВР, и судот, и обвинителството ќе го имаат на дофат на рака. Да не употребувам некои несоодветни зборови, опозицијава што глуми дека е опозиција измислува тези коишто не заслужуваат ни одговор од аспект на пукање на балонот во насока на сеење на страв, сега, ќе се слушало, ќе се злоупотребувало и така натаму… Сакам да потенцирам дека она коешто го говореше опозицијата, ај што не е вистина, туку е една сулуда имагинација за нешто коешто они сакале или не можеле или не знам што друго, имале план или немале план да го реализираат во рамки на нивните научнофантастични филмови – нагласи министерот. 

    Прочитај повеќе

    Инспекциските служби излегле на терен – Казни за инвеститорот по свлечиштето во Центар

    26.05.2026 во 08:34

    Сопругата на Ристе Велков скршена: „Чувај го нашиот принц таму горе како што го чуваше на земјата”

    26.05.2026 во 08:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.