Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ

    ВЛЕН: Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ

    25.05.2026 во 15:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ. Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот, велат од ВЛЕН.

    „Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово поради приватни узурпации на имотите. Беа узурпирани и Спортскиот центар и многу други јавни имоти. ДУИ ги затвораше очите и ушите пред урбаната мафија поради коруптивни интереси.

    Со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните. Стадионот на Тетово конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За првпат по многу децении се градат две средни училишта во Тетово.

    Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, ВЛЕН и Билал Касами градат и спортски сали и базени, претворајќи го Тетово во европски град.

    Овој развој ѝ пречи само на ДУИ. Опозицијата има носталгија за времето кога двојката Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжија општината, ги продаваа јавните имоти на сомнителни проруски бизнисмени и ги оставија тетовци во кал и беда.

    За среќа, тоа време повеќе нема да се врати. Тетово јасно зборуваше на локалните избори. Убедливата победа на ВЛЕН со разлика од 5.000 гласови беше јасна порака и за ДУИ, и за урбаната мафија, и за сомнителните агенди дека Тетово го затворило мрачното поглавје на корупцијата, хаосот, стагнацијата и деградацијата. Тетово оди напред кон развој и благосостојба. Тетово не запира!“, стои во соопштението од ВЛЕН.

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.