Close Menu
    Најново

    Пукање во Скопје: 28-годишник едвај успеал да спаси жива глава

    18.11.2025 во 13:39

    Разбојништво во скопско Љубанци: Го пресретнале, го удриле со пиштол по главата и го ограбиле

    18.11.2025 во 13:31

    Кавадарчанка во подрумот нашла 55 неексплодирани детонатори

    18.11.2025 во 13:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пукање во Скопје: 28-годишник едвај успеал да спаси жива глава
    • Разбојништво во скопско Љубанци: Го пресретнале, го удриле со пиштол по главата и го ограбиле
    • Кавадарчанка во подрумот нашла 55 неексплодирани детонатори
    • Почна откупот на тутунот: Тутунарите бараат 600 денари за прва класа
    • Јаневска: Образованието не може без бизнисот, стручното образование е силната страна на системот
    • Македонец уапсен во Албанија
    • Големите приказни на малите херои – БЕКУТАН Конференција по повод Светскиот ден на предвремено родени бебиња
    • Вонредно предупредување од УХМР: Се очекуваат над 40 литри дожд на метар квадратен, невреме и силен ветер
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Српската пејачка за „Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа

    Српската пејачка за „Пулс”: Мислевме дека сме ја згрешиле адресата кога видовме како изгледа

    27.03.2025 во 13:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    рагедијата која се случи во дискотеката “Пулс” во Кочани, каде загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во земјава, регионот и странство, ја потресе цела Македонија и Балканот. Српската пејачка Марија Микиќ откри дека е потресена по трагедијата во која за жал заминаа многу млади животи и многу семејства останаа во црно.

    Пејачката порано настапувала во дискотеката која изгоре, а во едно гостување раскажа како изгледал “Пулс”.

    – Видовме дека животот е само момент…Ми застана гласот додека зборувам за ова…Во некои весници излезе веста дека и јас настапувам, па мајка ми испаничена ме бараше да ме праша каде сум кобната ноќ. Не знаеја како се вика дискотеката, вели Марија.

    Додава дека пред една година таа имала настап во “Пулс”. – Ќе бидам потполно искрена…кога дојдовме пред клубот мислевме дека сме ја згрешиле адресата. Кога ќе влезеш внатре е друга приказна, изгледа како вселенски брод. Огромна спротивност на тоа што не дочека надвор. Публиката беше прекрасна, прекрасна енергија, што не очекував од едно мало место како Кочани. Но навистина се наежив цела, вели пејачката.

    Таа изрази и длабоко сочувство.

    – Се уште не можам да испроцесирам што се случило. Не сакав ни да гледам на Инстаграм, жално…Изразувам најдлабоко и искрено сочувство до Македонија, вели таа.

    Имала закажано настап во април во Македонија но вели бил откажан.

    – Не знам како ќе застанам таму на бина и како ќе им се обратам на луѓето, заклучи таа во емисијата “Интригантно”.

    Трагедијата во дискотеката однесе 59 животи меѓу кои и малолетници, а по пожарот беше прогласена седумдневна жалост.

    Популарно

    Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

    18.11.2025 во 09:43

    МОН ги објави резултатите од ученички стипендии

    18.11.2025 во 09:33

    Детали за облакодерот Вјесник: Изграден е во времето на Јосип Броз Тито – ноќеска го гаселе 100 пожарникари

    18.11.2025 во 11:08

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.