Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски со честитка за 24 Мај: Делото на Светите браќа е аманет што мора да го чуваме со достоинство

    24.05.2026 во 13:14

    Филмско бркање во Велес: Малолетник бегал од полицијата и фрлал марихуана и пари, уапсени уште двајца тинејџери

    24.05.2026 во 12:59

    Акција кај Крива Паланка: Падна водич во автобус, се обидел да поткупи полицајци со 50 евра ставени во пасошот

    24.05.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски со честитка за 24 Мај: Делото на Светите браќа е аманет што мора да го чуваме со достоинство
    • Филмско бркање во Велес: Малолетник бегал од полицијата и фрлал марихуана и пари, уапсени уште двајца тинејџери
    • Акција кај Крива Паланка: Падна водич во автобус, се обидел да поткупи полицајци со 50 евра ставени во пасошот
    • (ФОТО) Полициска акција во Струмица: Беровчанец уапсен со кокаин, во багажникот на „голфот“ му нашле оружје и полициска опрема
    • Русија изврши нов голем напад врз Украина: Лансирани 90 ракети и 600 дронови, има мртви и десетици повредени
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Соработката на Филипче и СДС со Бугарија преку Рубин Земон е целосно разобличена
    • УХМР со најнова прогноза: Утре претежно сончево, попладне дестабилизација, а еве што не чека од понеделник
    • (ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е заштитен, вистински патриотизам е интеграцијата во ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски со честитка за 24 Мај: Делото на Светите браќа е аманет што мора да го чуваме со достоинство

    Ѓорѓиевски со честитка за 24 Мај: Делото на Светите браќа е аманет што мора да го чуваме со достоинство

    24.05.2026 во 13:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, упати празнична честитка до граѓаните по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

    Во својата порака, Ѓорѓиевски го истакнува историското значење на солунските браќа во процесот на воспоставување на македонската писменост и идентитет.

    „Нека е за многу Денот на светите Кирил и Методиј, македонските и сесловенски просветители! Денес го чествуваме делото на светите браќа Кирил и Методиј, чии заслуги се трајно врежани во светската историја, во духовната меморија на народите и во темелите на нашата писменост, култура и идентитет. Од Моравската мисија, започната токму на овој ден, се отвори патот на словенската писменост и духовност, што низ вековите ја обликуваше нашата денешнина и ни остави аманет што мора да го чуваме со достоинство“, истакнува тој.

    Тој потенцираше дека зачувувањето на јазикот и културните вредности претставува клучна обврска на сегашните генерации кон предците и потомците.

    „Нивното дело е завет. Завет дека јазикот, писменоста, верата, културата и идентитетот се најсилните столбови на еден народ. Наша должност пред идните генерации е да го сочуваме и пренесеме ова свето наследство. Нека е вечно името на светите браќа Кирил и Методиј. Нека ни е за многу години големиот празник!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

    Прочитај повеќе

    Филмско бркање во Велес: Малолетник бегал од полицијата и фрлал марихуана и пари, уапсени уште двајца тинејџери

    24.05.2026 во 12:59

    Акција кај Крива Паланка: Падна водич во автобус, се обидел да поткупи полицајци со 50 евра ставени во пасошот

    24.05.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.