Со особена почит и благодарност денес се сеќаваме на делото на Светите Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, просветителството и духовноста. Нивната мисија не претставува само историско наследство, туку и трајна вредност што не обврзува да продолжиме да го негуваме знаењето, образованието и културниот развој како темели на современото општество, вели министерот за јавна администрација Горан Минчев во честитката по повод Денот на сесловенските просветители.
– Во време на брзи промени и современи предизвици, нивното дело останува симбол на мудрост, напредок и духовно обединување. Токму затоа, наша заедничка обврска е да продолжиме да ги чуваме и афирмираме вредностите што тие ни ги оставија, писменоста, знаењето и почитта кон културното наследство. Нека овој голем празник биде поттик за уште поголема почит кон образованието, културата и вредностите што не поврзуваат како народ, порачува Минчев во честитката.

