Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна несреќа го потресе светот: Силна експлозија однесе најмалку 90 животи, во тек е голема спасувачка акција

    Страшна несреќа го потресе светот: Силна експлозија однесе најмалку 90 животи, во тек е голема спасувачка акција

    23.05.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 90 рудари го загубија животот по силна експлозија на гас во рудникот за јаглен Лиушенју, кој се наоѓа во северниот дел на Кина.

    Рудникот каде што се случила трагедијата е под директно управување на познатата групација „Тонгжу“ во кинеската покраина Шанкси.

    Како што објави порталот 4news.mk, инцидентот се случил вчера точно во 19:29 часот по локално време, во моменти кога на должност во рударските јами биле вкупно 247 работници.

    Веднаш по детонацијата, Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби мобилизираше масовни ресурси за справување со последиците од несреќата.

    На терен се испратени 345 професионални спасувачи поделени во шест екипи, а присутни се и бројни медицински тимови и амбулантни возила.

    Спасувачките операции и потрагата по евентуални преживеани лица во овие моменти се одвиваат под исклучително висок ризик за екипите.

    По повод големата трагедија реагираше и кинескиот претседател Шји Џинпинг, кој упати итен апел до сите надлежни служби на терен.

    Џинпинг побара да не се штедат ресурси во лекувањето на повредените, да се спроведе итна и темелна истрага за причините, но и да има строга одговорност за виновниците.

    Според последните извештаи на државните медиуми, комплетното раководство на рудникот е веќе приведено од страна на полицијата.

    Првичните наоди од истрагата укажуваат дека во рудникот било регистрирано енормно ниво на јаглерод моноксид, што веројатно придонело за трагичниот исход.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.