Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Одземени над 40 концесии за минерални суровини, ќе се проверува случајот со варовникот во Студеничани
    • Ристески: Мерката за намален ДДВ на горивата им заштедува на граѓаните до 350 илјади евра дневно
    • Златеска: Владата и министерствата во Македонија се вложуваат максимално во справувањето со светската криза
    • СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД
    • Нов топол бран: Западна и југозападна Европа повторно пред екстремни температури
    • Гаши оствари средба со европратениците: Транспарентноста на Собранието и евроинтеграциите во фокус
    • Подгответе се: УХМР најавува постудено време и обилни врнежи од дожд
    • Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со честитка за 23 Мај: Горди сме што сме единствената држава во која Власите се уставен етнички ентитет

    Сиљановска-Давкова со честитка за 23 Мај: Горди сме што сме единствената држава во која Власите се уставен етнички ентитет

    23.05.2026 во 09:582 Mins Read
    Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати официјална честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите.

    Во своето обраќање, таа стави посебен акцент на историскиот континуитет, зачувувањето на јазикот и идентитетските карактеристики на овој народ.

    „Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.“

    Претседателката потенцираше дека истрајноста и духовното достоинство на Власите се пренесувале низ генерациите и покрај сите историски премрежија.

    „Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.“

    Таа ја истакна и уставно-правната позиција на заедницата во земјава, оцена која ја нагласува инклузивноста на државниот систем.

    „Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?“

    На крајот од својата честитка, претседателката упати благодарност за континуираниот придонес на Власите во македонското општество.

    „Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле! Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!“

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Одземени над 40 концесии за минерални суровини, ќе се проверува случајот со варовникот во Студеничани

    24.09.2026 во 17:29

    Ристески: Мерката за намален ДДВ на горивата им заштедува на граѓаните до 350 илјади евра дневно

    24.09.2026 во 17:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.