Close Menu
Press24
    Најново

    Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клинички

    22.05.2026 во 23:39

    По една година борба: Џеси Џеј објави дека го победила ракот на дојка

    22.05.2026 во 23:13

    Не паничете во авион: Правила што можат да ве смират за време на турбуленции

    22.05.2026 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клинички
    • По една година борба: Џеси Џеј објави дека го победила ракот на дојка
    • Не паничете во авион: Правила што можат да ве смират за време на турбуленции
    • Финансиските експерти предупредуваат: Секогаш треба да имате најмалку 35 евра кеш дома
    • Утре ќе биде погребан оперскиот пејач Ристе Велков
    • Рубио: САД се повлекуваат од преговорите за Украина, нема да учествуваме во состаноци кои не водат никаде
    • Обвинителството бара притвор за 76-годишникот oд Косово кој ја предизвика страотната сообраќајка
    • Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клинички

    Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клинички

    22.05.2026 во 23:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите.

    – Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. Средства предвидовме, направивме ребаланс, но имаме уште неколку постапки што требаше да ги заокружиме – исплатите на Момин Поток, каде што имотноправните односи целосно ги решивме, а и сите граѓани што беа предмет на експропријација се исплатени, таму трасата целосно е решена. За булеварот Борис Трајковски влеговме во процес за конечно да заврши голготата на над 100.000 граѓани кон Драчево и почнува поставувањето на атмосферската канализација. Тука се и мостот „Љубљанска“, „Генерал Михајло Апостолски“, лунапаркот…, а сега се на ред и катните, монтажните гаражи на Клинички – рече Ѓорѓиевски одговорајќи на новинарски прашања пред дебатата „Скопје – европски град на културата 2028: Културното наследство и современата културна динамика“.

    Тој е дециден дека ќе исполни сè што им ветил на граѓаните.

    – Во предизборието ветив дека сите проекти ќе ги реализирам до крајот на мандатот. Од мандатот поминаа речиси шест месеци, а имаме силно темпо и динамика на реализација. За булеварот Македонија, познат како „Лимак“, ветив дека само првата фаза што ја завршуваме сега ќе ја реализираме до крај на мандатот, но ќе го реализираме цел проект. Горд сум што финансиски го кренавме градот на стабилни нозе, ставивме ред во јавните претпријатија, но треба уште многу работа, граѓаните заслужуваат многу подобар град и услови. Сè што сум ветил во програмата ќе биде испорачано до крајот на мојот мандат, а и многу побргу – потенцира Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе биде погребан оперскиот пејач Ристе Велков

    22.05.2026 во 22:19

    Обвинителството бара притвор за 76-годишникот oд Косово кој ја предизвика страотната сообраќајка

    22.05.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.