Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип

    22.05.2026 во 16:03

    Ѓорѓиевски по дебатата за ЕПК 2028: Успехот на Скопје нема да се мери само според она што ќе се случи во 2028 година

    22.05.2026 во 15:48

    ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

    22.05.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип
    • Ѓорѓиевски по дебатата за ЕПК 2028: Успехот на Скопје нема да се мери само според она што ќе се случи во 2028 година
    • ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме
    • Поништен големиот тендер за набавка на 150 електрични автобуси, Министерството за транспорт најави нова постапка
    • Спасовски во Ватикан: Присуствував на средба со Папата Лав XIV како дел од државната делегација
    • МВР потпиша Меморандум со Фондацијата „Фросина Кулакова“, Тошковски најави и надградба на Safe City по синоќешната трагедија
    • Акција на МВР низ државата: Приведени петмина возачи за безобѕирно возење, малолетници фатени зад волан без дозвола
    • Црн ден во домовите: Приведени насилници во Тетово и Велес, нападнати жени во Скопје и Прилеп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип

    (ВИДЕО) Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип

    22.05.2026 во 16:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советничката од редовите на СДСМ во општина Штип, Галаба Вереса Димова, преку прес-конференција обвини за сериозни нерегуларности и финансиски трошења во детската градинка „Астибо“.

    Од опозициската партија соопштија дека смената на актуелниот директор на градинката отвора сомнеж за начинот на кој се менаџираат јавните институции во градот.

    „Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во Штип. Нетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо.“

    Според тврдењата на СДСМ, во локалната самоуправа постои внатрешен сомнеж за трошењето на буџетските средства во неколку општински сектори.

    „Очигледно и самиот градоначалник се сомнева во работењето на кадрите од сопствените редови, особено кога станува збор за финансиски малверзации и сомнителни трошења на народните пари.“

    Димова потсети на низа претходни случаи кои беа актуелни во јавноста, нагласувајќи дека досега нема никаква разрешница или институционална одговорност.

    „Јавноста добро ги памети скандалите што ја потресоа општината:– кражбата на нафта тешка 18 милиони денари, сомнителните набавки на опрема и реквизити во градинката Астибо, како и бројните индиции за нерегуларности во работењето. Но, едно останува заедничко за сите овие случаи , никој досега не понесе одговорност.“

    Од партијата потенцираат дека и покрај одвоените милионски суми за помош од општинската каса, состојбата во детските установи останува нејасна.

    „Дека се аздисува со парите на граѓаните по институциите, доказ е и финансиската помош од речиси 10 милиони денари за детските градинки од парите на граѓаните.“

    На крајот, советничката упати јавно прашање до првиот човек на општина Штип за финансискиот биланс по поскапувањето на услугите за престој.

    „Јорданов е должен јавно да одговори за какви сомнежи на финансиски криминал се работи? Каква е финансиска состојба во градинките и покрај зголемените цени за престој во нив?“

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

    22.05.2026 во 15:42

    Муцунски од состанокот на НАТО во Шведска: Западен Балкан е под сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори

    22.05.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.