Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите

    22.05.2026 во 14:29

    Потврден првиот случај на западнонилска треска во Македонија, велешанец итно хоспитализиран во Скопје

    22.05.2026 во 14:16

    Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем

    22.05.2026 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите
    • Потврден првиот случај на западнонилска треска во Македонија, велешанец итно хоспитализиран во Скопје
    • Зоолошките градини во Скопје и Битола се модернизираат по европски стандарди, се гради стабилен финансиски систем
    • Скандал во средно училиште во Демир Хисар: Професор фалсификувал потпис на менторот за да си обезбеди кариера
    • Ужас во Ценар: Среде бел ден маж се самозадоволувал пред скопјанка
    • „Меѓу ѕвездите ќе одекнува твојот силен глас“: Познатите со потресни пораки се простуваат од оперскиот првенец Ристе Велков
    • Познат идентитетот на сите жртви: Покрај оперскиот првенец Ристе Велков и син му, на обиколницата загинаа уште две 20-годишни момчиња
    • Директори земале по две плати и незаконски си ги чувале работните места – ДКСК поднесува кривична пријава за директорите на ТЕЦ Неготино
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите

    Скопје пред голема трансформација за 2028 година: Летни сцени на Кале и Аквадуктот, Поштата станува центар за младите

    22.05.2026 во 14:294 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Главниот град најавува сеопфатна културна и инфраструктурна трансформација во пресрет на 2028 година, кога Скопје официјално ќе ја понесе титулата Европска престолнина на културата.

    Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека процесот ќе опфати темелна обнова на клучните градски обележја, вклучувајќи ги Скопското кале, Аквадуктот и зградата на Поштата.

    Планот предвидува Калето и Аквадуктот да добијат нови летни сцени за културни манифестации, додека објектот на Поштата ќе се пренамени во простор за социјализација на младите.

    Ѓорѓиевски порача дека претстојните активности мора да бидат целосно инклузивни и да ги вклучат институциите, експертите, академската заедница и младите граѓани.

    „Европски град на културата не е титула во која Орце е важен или титула во која се важни Советот или кој било поединец, туку е титула исклучително значајна за главниот град, но и за државата воопшто. И 2028 година ќе помине, но тоа треба да биде момент што ќе го трасира пат на Скопје и начинот на кој градот ќе се развива и ќе живее следните години, подвлече Ѓорѓиевски.“

    Локалните власти веќе ја преземаат потребната документација во соработка со Министерството за култура за почеток на уредувањето на запуштените локации.

    Според градоначалникот, обезбедени се буџетски средства за почеток на чистењето на просторот околу Аквадуктот, како и за поставување нова урбана опрема на Скопското кале.

    „Културното наследство изминатите години, за жал, беше тргнато настрана. Ние, во соработка со Министрството за култура, почнавме да ги преземаме документациите за да бидеме целосно подготвени пред почетокот на трансформацијата на некои од нашите културни споменици и обележја как Скопското кале. Знаете дека требаше да се промени власта на Град Скопје за да биде искосено, да се поправат патеките, влезот да биде допадлив за Скопјани, а потоа и за туристите. Таму не е сменета урбана опрема десетина години. Сето тоа треба да го опфатиме со активностите. Предвидуваме на Кале да има постојано културни настани и да биде поставена една од летните сцени. Имаме во нашиот буџет средства да го почнеме процесот. Верувам дека скоро, кога целосно ќе ни биде дадено владението од Владата, ќе го почнеме овој процес. Аквадуктот важи за една од поголемите депонии наназад, но и тој ќе помине низ фаза на трансфромација. Обезбеден е грант за партерно уредување и тука, исто така, се планира изградба на летна сцена и облагородување на просторот. Европски град на културата не е титутла во која Орце е важен, ниту е титула во која е важен Советот или кој било поединец, ова е титула која е многу важна за градот, но и за државата и не смеeме да дозволиме какви било пропусти. И да, 2028 година ќе помине, верувам дека ќе имаме успешна организација, преубави настани, инклузивен процес, но тоа треба да биде момент што ќе го трасира патот на главниот град и начинот на кој ќе се развива, како ќе живее следните години, истакна градоначалникот.“

    Професорката Милева Ѓуровска, претседател на Европско движење во Македонија, нагласи дека Скопје поседува исклучителни цивилизациски слоеви кои треба да се реафирмираат.

    Таа смета дека претстојниот период од три години мора да се искористи за извлекување на културата од општествената периферија.

    „Скопје се претстави во оваа кандидатура како град на различносите, град во кој се пресретнуваат различни култури. Различни цивилизациски слоеви имаме во нашиот град, кои исто така, може да ги претставиме како европска вредност, зашто Европа и самата е една голема културна меморија во која слоевите на култура се зачувани. Исто така и кај нас тие постојат, тие се зачувани и ние треба да ги претставиме заедно со онаа динамика што ја имаме денес во градот, да видиме колку ова културно наследство што го имаме како слоеви ќе придонесе да создадеме една нова динамика, движење. Овие три години имаме простор да поработиме сите заедно на овој план, да создадеме динамика за да ја реафирмираме културата во нашата средина, да ја извлечеме од периферијата каде што е, зашто е многу важна. Таа е оној медиум со кој општеството комуницира, преку кој државата комуницира со граѓаните што е многу важно да се каже. Нашата култура навистина треба да ја извлечеме од местото каде што е сега и да ѝ дадеме многу поголемо значење, оти културата е таа што поврзува. Политиката е друга сфера, но и таа станува оплеменета преку културата, подвлече професорката.“

    Прашањата за заштита на наследството и современата културна динамика беа отворени на дебатата каде свои идеи споделија професори и работници од областа на архитектурата, социологијата и уметноста.

    Прочитај повеќе

    ЕВН најави исклучување – утре неколку часа ќе нема струја во една скопска општина

    21.05.2026 во 19:32

    Потпишан меморандум меѓу Град Скопје и НДИ за зајакнување на отпорноста од корупција

    21.05.2026 во 17:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.