Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хаос и еуфорија во Црна Гора: Десетици илјади на нозе за Рики Мартин, фрлен солзавец го прекина концертот

    Хаос и еуфорија во Црна Гора: Десетици илјади на нозе за Рики Мартин, фрлен солзавец го прекина концертот

    22.05.2026 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десетици илјади граѓани го исполнија Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот на порториканската ѕвезда во живо, објавија црногорските медиуми. Не само што плоштадот беше исполнет до крај, туку и околните улици и ресторани беа преполни со посетители.

    Како вовед во музичкиот спектакл, најпрво настапија домашни изведувачи кои ја загреаа атмосферата.

    Тамара Живковиќ ја отвори церемонијата со песната „Нова зора“, а публиката потоа ја забавуваа Милена Вучиќ и Ненад Кнежевиќ Кнез.

    Очекувањето го достигна својот врв кога Рики Мартин излезе на сцената, поздравен со овации и громогласен аплауз од воодушевената публика.

    Ѕвездата на вечерта веднаш им се обрати на присутните, честитајќи им го Денот на независноста.

    „Ви благодарам многу. Ова ќе биде многу убава вечер. Ќе биде многу убава и можам да го видам тоа во вашите очи, насмевки и енергија. Вечерва ќе биде посебна во Црна Гора. Дали сте спремни да се забавувате, Црна Гора?“, вети светската музичка ѕвезда.

    Тој го започна својот настап со легендарниот хит „Марија“, а на самиот почеток ги изведе и песните „She Bangs“ и „Private Emotion“, терајќи ја публиката да танцува од првиот такт.

    За жал, одличната атмосфера накратко беше нарушена кога во публиката беше фрлен солзавец, што предизвика моментален прекин на концертот.

    Сепак, по брзата реакција на службите, концертот набрзо продолжи. И покрај краткиот инцидент, забавата во Подгорица продолжи длабоко во ноќта, а публиката пееше и танцуваше со Мартин.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.