Close Menu
Press24
    Најново

    Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци

    08.07.2026 во 15:28

    Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ

    08.07.2026 во 15:19

    Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја

    08.07.2026 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци
    • Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ
    • Додека ММФ алармира за растот на цената на бакарот, македонските резерви во Иловица остануваат под земја
    • Поднесено обвинение за стечајот на Еуростандард банка
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции

    Мечка се шета низ Битола и околните села: Градоначалникот Коњановски ги крена на нозе сите институции

    21.05.2026 во 23:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот Тони Коњановски ја извести јавноста дека Општина Битола веднаш стапила во контакт со надлежните државни органи по серијата пријави за појава на мечка во градот и околината. Реакцијата уследи по видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи, а во кое јасно се гледа дивото животно.

    Коњановски потврди дека се активирани сите безбедносни и инспекциски служби во земјата.

    „Како градоначалник на Битола и во име на Општина Битола Ве информирам дека во врска со случајот на појава на мечка што можеше да се види на видео споделено на социјалните мрежи, контактирав и ги информирав Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, како и државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и Агенцијата за храна и ветеринарство.“

    Жителите од неколку битолски села веќе со денови алармираат за присуството на мечката, а последната пријава стигнала во текот на денешниот ден од самиот град.

    „Деновиве има повеќе пријави до институциите за мечка во атарот на селата Трн, Оптичари, Поешево и Егри, а последната пријава на бројот 112 во Центарот за управување со кризи е од денешните рани утрински часови за мечка видена во околината на градскиот парк во Битола.“

    Според првичните повратни информации, државните служби веќе ги преземаат потребните чекори на терен.

    „Од страна на институциите бев известен дека во тек се со актуелната состојба.“

    На крајот, првиот човек на Битола потсетува дека регионот и претходно се соочувал со слични проблеми кои предизвикале материјални штети, но потенцира дека законските рамки мора да се почитуваат.

    „Изминатите години во овој регион исто така имало пријави и случаи каде биле нанесувани материјални штети од мечки кои согласно законите се под трајна заштита.“

    Прочитај повеќе

    Потресни сведочења за трагедијата во „Пулс“: Татко на жртва праша дали полицијата била таму за бесплатни пијалаци

    08.07.2026 во 15:28

    Зајкова избрана за потпретседателка во Собрането на ОБСЕ

    08.07.2026 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.