Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

    21.05.2026 во 12:28

    Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание

    21.05.2026 во 12:18

    Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните

    21.05.2026 во 12:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи
    • Јотова: Потребна е реформа на начинот на кој функционира Народното собрание
    • Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните
    • Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери
    • Во април: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 13,3% на вкупната кредитна поддршка
    • Хороскопски знаци кои остануваат во лоши врски
    • Милошоски: Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално и паушално во случајот Мазут
    • Манасиевски: Македонија не смее да потклекне поради криминалот на Филипче и Заев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

    Стојаноски: СДСМ избега од дебата за заемот, немаат аргументи

    21.05.2026 во 12:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, денеска обвини дека СДСМ избегнала дебата во Собранието околу финансискиот пакет и заемот што е предмет на расправа.

    Стојаноски изјави дека аргументите кои изминатите денови биле пласирани во јавноста „паѓаат еден по еден“, посочувајќи дека биле исполнети барањата за условите на собраниската расправа.

    „Прво, се тврдеше дека во салата 4 нема просторни услови, односно нема каде да се седне, обезбедивме место. Потоа, се тврдеше дека заемот е ставен како втора точка на дневен ред, ја ставивме како прва точка“, рече Стојаноски.

    Според него, кога дошол моментот аргументите да се соочат „таму каде што им е местото, во Собранието“, СДСМ одлучила „да избега од дебата“.

    Тој оцени дека се „целосно демонтирани“ и тврдењата дека заемот ќе предизвика крах на пензискиот систем, проблеми со буџетот, прилив на мигранти или неможност за користење средства од Европската Унија преку Планот за раст.

    „Причината е едноставна, свесни се дека немаат аргументи со кои би ги поткрепиле сопствените тврдења“, изјави Стојаноски.

    Во однос на финансискиот пакет, тој нагласи дека станува збор за „најповолни можни услови“ достапни на пазарот и додаде дека со средствата ќе продолжи реализацијата на капитални инвестиции и инфраструктурни проекти.

    „Со овие средства ќе се финансираат: повисоки плати, повисоки пензии, изградба на три автопати, брза железница и реконструкција на постојните пруги, нови болници и училишта“, рече Стојаноски.

    Тој посочи и дека дел од средствата се наменети за отплата на еврообврзницата земена во 2020 година, која доспева за плаќање во јуни, оценувајќи дека тоа е „крунски доказ“ за причините поради кои СДСМ не учествувала во расправата.

    На крајот, Стојаноски порача дека однесувањето на СДСМ претставува „јасен показател дека на СДСМ не може да им се верува“.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: Лагите на ССМ и СДС паѓаат во вода, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните

    21.05.2026 во 12:10

    Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

    21.05.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.