Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО

    СДСМ: Падна лажниот патриотизам на ВМРО

    21.05.2026 во 10:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура.

    Вистината излезе на виделина.

    Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет, велат од СДСМ.

    Тоа го призна и ВМРО-ОКГ.  Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени, Муцунски признаа дека НАТО е гаранција за безбедноста и добар за бизнис климата.

    Паднаа лагите, падна и лажниот патриотизам на ВМРО.

    Токму тие што најгласно зборуваа за „предавства“ и „национални интереси“, тивко си обезбедувале бугарски пасоши за себе и за своите семејства.

    Последното признание на ВМРО само потврди дека Владата на Мицкоски е преполна со функционери со бугарски пасоши.

    Кога СДСМ предложи закон со кој премиерот, министрите, вицепремиерите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства, ВМРО-ОКГ веднаш го одби.

    Зошто? Затоа што ако законот беше усвоен, половина Влада ќе требаше да си замине.

    За нив може европски пасоши и резервна иднина во ЕУ, ама за народот – блокади, конфликти и изолација.

    За нив може бугарски државајнства и Бугари, ама не може внесување на малцинствата во Уставот.

    Ова е најголемото лицемерие на ВМРО-ОКГ.

    Додека Македонија намерно ја држат заглавена и оттурната од Европа, тие одамна си обезбедиле европска сигурност за себе.

    Една по една паѓаат сите лаги на кои со години ја темелеа својата пропаганда.

    Граѓаните веќе јасно гледаат дека ВМРО-ОКГ никогаш не водеше битка за државните интереси, туку за власт, бизниси, тендери и лични привилегии.

    Лажниот патриотизам падна. Вистината излезе на виделина, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.