Довербата во правосудството е на историски минимум, а институциите штитат лица блиски до СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими, стана штит на криминалот тежок 167 милиони евра за случајот „Мазут’’.
Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, наместо да биде чувар на правдата, стана заштитник на политичко-криминалните структури на СДС и ДУИ.
Наместо темелна истрага за скандалот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, случај кој е еден од најголемите финансиски криминали во Македонија, јавноста гледа како Башким Бесими кој е на чело на Советот на јавни обвинители застана во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ, кои со своето постапување станаа синоним на селективна правда и политичка послушност.
И покрај сите индиции и сомнежи за перење пари, местење тендери, злоупотреба на институции и труење на народот преку сомнителен мазут, обвинителската коалиција на Абази и Коларевиќ не виде ништо.
Коалицијата Абази и Коларевиќ не ги виде ниту извештаите на ДЗР, не ги видоа доказите на МВР, не ги слушнаа сведоштвата за однапред договарани тендери.
Коалацијата Абази и Коларевиќ заштитници на коалицијата СДС и ДУИ единствено што видоа беше потребата да ги заштитат луѓето блиски до СДС и ДУИ.
Со ваквото однесување, Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими праќа јасна порака дека во Македонија не се гони криминалот, туку се амнестира ако сторителите се блиски до СДС и ДУИ.
Башким Бесими заедно со обвинителската коалиција Абази и Коларевиќ прават директен удар врз правната држава. Наместо независни обвинители, Абази и Коларевиќ се партиски извршители кои работат по диктат на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче.
Бараме итна оставка од Абази и целосна ревизија на случајот „Мазут“. Бараме независна и неселективна истрага за сите инволвирани, без разлика на нивната партиска или бизнис поврзаност. Епски криминал од 167 милиони евра не смее да биде затрупан под тепих само затоа што трагите водат до врвот на СДС и ДУИ.
Правда мора да има. Одговорност мора да има, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

