Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат

    20.05.2026 во 15:41

    (ФОТО) Шверц на дрога на Стар Дојран: Фатени со 66 пакувања марихуана во автомобил, полицијата уапси две лица

    20.05.2026 во 15:35

    (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг

    20.05.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат
    • (ФОТО) Шверц на дрога на Стар Дојран: Фатени со 66 пакувања марихуана во автомобил, полицијата уапси две лица
    • (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг
    • Уапсен гостиварчанец на граница: Се обидел илегално да префрли петмина Турци во Грција
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во делови од Скопје и околината
    • Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот
    • Кривична пријава за двајца припадници на Единицата за интервентна полиција во Скопје поради малтретирање при служба
    • Инцидент на пазарот во Гази Баба: Со пиштол им се заканил на татко и син, па физички ги нападнал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат

    Филипче: Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат

    20.05.2026 во 15:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на панел-дискусијата во рамки на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, порача дека Македонија не смее да дозволи српското и руското влијание да ја оттурне од европскиот пат и нагласи дека проширувањето на Европската Унија денес е јасна геостратешка цел и за самата Унија. Филипче истакна дека скептицизмот кон проширувањето е надминат и дека сега постои јасна политичка волја за интеграција на регионот во Европската Унија – можност што државата треба да ја искористи.

    „Скептицизам кој беше укажуван од земји членки како Франција и Данска, сега е целосно променет. Данската амбасадорка во Собранието, кога ги образложуваше приоритетите на претседателството, кажа: „Ние бевме против, сега сме за проширување“. Сакаме да го искористиме овој момент. Зашто? Поради тоа што е веќе јасно дека проширувањето е геостратешка цел и бенефит и на Европската Унија“, рече Филипче.

    Во обраќањето, Филипче предупреди дека разговорите за какви било алтернативи на европскиот пат се опасни и штетни за државата, посочувајќи дека регионот веќе се движи напред кон членство во ЕУ.

    „Жалам што слушам за алтернативи некакви денеска, тоа е недозволиво во наша земја. Тоа не треба да го помислиме. Од што се плашиме? Каква членка ќе бидеме? Се плашат ли Црногорците? Не, сега ги завршија  обврските и одат напред. Не може да не го споменеме унгарското и српското влијание на нашата власт. Не може да не ги споменеме бизнис врските кои што водат до највисокиот периметар на власт, затоа што тоа е многу опасна работа која што сега се случува. И можеби дел од причините за тоа што не го продолжуваме европскиот пат“, рече Филипче.

    Тој додаде дека граѓаните повеќе немаат доверба во функционалноста на системот во државата и дека без европските стандарди и европското правосудство тешко може да се врати довербата кај младите и граѓаните.

    „Луѓето немаат верба повеќе. Може ли да се врати вербата во правосудството? Не може без европското правосудство. Не веруваат луѓето повеќе. Ќе ја вратат ли вербата младите да останат во земјата? 80% од моите студенти учат германски јазик и сакаат да си одат“, рече Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Иванова: Службите деноноќно го гаснат пожарот на депонијата во Радовиш, СДС прави политички маркетинг

    20.05.2026 во 15:29

    Муцунски: Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра, ова е највисок износ во регионот

    20.05.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.