Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
    • Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Лефков: Советот на јавни обвинители ги штити обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут“

    (ВИДЕО) Лефков: Советот на јавни обвинители ги штити обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут“

    20.05.2026 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до Советот на јавни обвинители, тврдејќи дека ова тело свесно го блокира расчистувањето на случајот „Мазут“.

    Лефков директно го поврза претседателот на Советот со поранешни структури на извршната власт.

    „Почитувани, Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра.“

    Според пратеникот на владејачкото мнозинство, обвинителскиот систем се уште функционира под влијание на претходната власт.

    „Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да побараат детална истрага за овој случај кој е најголем во историјата од финансиски аспект, тие ги штитат пулените на ДУИ, молчат и седат на страна.“

    Тој потенцираше дека ваквото постапување директно се одразува врз перцепцијата на граѓаните за правната држава.

    „Со оваа потпора од страна на Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, обвинители како Абази и Коларевиќ ќе бидат сликата на нашето правосудство. Компромитирани со лични и семејни врски со политичките партии СДС и ДУИ, кои ќе носат амнестија на осомничените уште пред да се најде во судска постапка одреден случај. Затоа и довербата во правосудните органи ќе биде и под 2%.“

    Лефков потсети дека за случајот постојат официјални извештаи од други државни институции, но тврди дека тие намерно се игнорираат.

    „Абази и Коларевиќ, кои се ставија на услуга на СДС и ДУИ, за да ги заштитат Васко Ковачевски, Асмир Јахоски и останатите осомничени, за кои целата јавност виде перење на пари, труење на народот и местење на тендери, за што има и докази поднесени од МВР, извештај од ДЗР, како и јавни сведоштва за тоа како биле правени јавните набавки за да може само една фирма да учествува на тендерот, само обвинителската коалиција на Абази и Коларевиќ не виде ништо, затоа што така им било кажано од Ахмети, Заев и Филипче.“

    Прес-конференцијата беше заокружена со барање за итна одговорност и целосна ревизија на постапката.

    „Бараме оставка од Абази и ревизија на целиот случај. Ваков епски криминал не смее да биде оставен под тепих, само затоа што осомничените се блиски до партиите СДС и ДУИ.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.