Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска: Власта го одби законот за двојни државјанства на министрите поради заткулисни игри

    20.05.2026 во 12:18

    Историска заплена на Табановце: Шверцувале половина милион евра во бункер на минибус

    20.05.2026 во 12:09

    СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ

    20.05.2026 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска: Власта го одби законот за двојни државјанства на министрите поради заткулисни игри
    • Историска заплена на Табановце: Шверцувале половина милион евра во бункер на минибус
    • СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ
    • УХМР издаде предупредување: Утре засилен ветер, од петок следува бран со невреме и поројни дождови
    • Кина купува 200 авиони од „Боинг“
    • ССМ ја објави мајската кошничка: За преживување потребни се речиси 69.000 денари
    • ЕУ и САД постигнаа компромисен трговски договор под притисок на Доналд Трамп
    • Катастрофални поплави во Кина: Најмалку 12 лица загинаа, илјадници се евакуираат во гумени чамци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Власта го одби законот за двојни државјанства на министрите поради заткулисни игри

    Лукаревска: Власта го одби законот за двојни државјанства на министрите поради заткулисни игри

    20.05.2026 во 12:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничка на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, реагираше на одбивањето на власта да го поддржи предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата нема да можат да имаат двојни државјанства. Лукаревска обвини дека власта избегна да даде јасен одговор зошто законот не доби поддршка и рече дека зад тоа стојат заткулисни игри.

    „Да објаснат зошто веднаш го тргнаа законот, односно не го гласаа законот со којшто членовите на Владата не треба да имаат двојни државјанства, односно треба да имаат македонско државјанство“, рече Лукаревска.

    Лукаревска потсети дека ВМРО претходно поднесе закон за пратениците да немаат двојни државјанства, но кога станува збор за членовите на Владата, законот беше повлечен. Таа нагласи дека власта не го прифатија законот на СДСМ за двојни државјанства, затоа што пола влада им е со бугарски пасоши

    „Зборувате за заштита на идентитетот, македонскиот идентитет дека е загрозен и така натаму, а ваму не гласате за шанса да дадеме на сите оние коишто мислат добро на државата, да немаат и бугарско државјанство, таков закон да се донесе. Не слушнавме од вас каква било теза, изјава, аргумент зошто не го поддржавте законот вчера“, кажа Лукаревска, додавајќи дека „овде има заткулисни игри затоа што има министри со двојни државјанства“.

    Во дебатата, Лукаревска се осврна и на доцнењето на реформските закони и реформската агенда поврзана со блокадата на евроинтеграциите.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: ВМРО организира македонски граѓани за контра-митинг во Белград во поддршка на Вучиќ

    20.05.2026 во 11:59

    Мицкоски: Ја потврдивме заложбата за продолжување на реформите кон европски стандарди

    20.05.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.