Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06

    Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава

    08.07.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ од 167 милиони евра е доказ за селективна правда на СДС и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ од 167 милиони евра е доказ за селективна правда на СДС и ДУИ

    20.05.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството. За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра. Абази и Коларевиќ ја запреа постапката против лица блиски до СДС и ДУИ.

    Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за Уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии.

    Обвинителството е штит за криминалните активности на кадрите од СДС и ДУИ. Наместо правда има амнестија за најголемиот енергетски скандал во Македонија.

    Кој и зошто наредил постапката да биде запрена?

    Дали постојат финансиски мотиви зад оваа одлука?

    Зошто СДС молчи за случајот и не бара одговорност од Васко Ковачевски?

    Зошто Советот на јавни обвинители не отвори проверка за постапувањето на обвинителите?

    Правдата не смее да биде селективна. Обвинителството мора да работи во интерес на граѓаните, а не да штити политички структури.

    Неопходна е целосна и независна истрага за случајот „Мазут“ и одговорност за сите инволвирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

    08.07.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.