Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Филипче кон изјавите од Бугарија е понижување за државата

    ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Филипче кон изјавите од Бугарија е понижување за државата

    20.05.2026 во 09:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Молкот на Филипче кон навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”.  Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност.

    Дополнително, Филипче не се огради ниту од ставовите на членови од неговата партија, кои го негираат делото на Гоце Делчев и македонската историја. Филипче не се огради од неговиот член на ИО Рубин Земон, кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

    Филипче води политика на попуштање, понижување и отворање простор за нови уцени кон Македонија, само поради свои лични интереси за да дојде на власт.

    Додека македонскиот народ очекува државнички став и црвени линии за идентитетот, јазикот и историјата, Филипче продолжува со тивка поддршка на наративите кои ја негираат Македонија.

    Македонскиот идентитет не е предмет на преговори. Македонскиот јазик и историја не се тема за политички пазарења.

    Секој политичар кој молчи пред навреди кон Македонија, директно ги охрабрува оние што сакаат да ја разнебитат државата и националното достоинство.

    Македонија заслужува политичари кои ќе ја бранат државата, а не да молчат пред нејзините негатори“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.