Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија

    19.05.2026 во 21:34

    Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните

    19.05.2026 во 21:29

    Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба

    19.05.2026 во 20:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
    • Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
    • Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
    • Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
    • Трамп се закани со нови воени напади врз Иран во рок од неколку дена доколку нема договор
    • Божиновска: Декарбонизацијата е конкретен патоказ и обврска кон Европската Унија
    • Јаневска ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Нема кратење на студентските стипендии, тоа е чиста манипулација
    • Европскиот Парламент ја одликуваше Меркел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија

    СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија

    19.05.2026 во 21:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ преку официјално соопштение реагираше на предавањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Република Словенија, оценувајќи го нејзиното излагање како неуспех на меѓународен план. Според партијата, наместо да се искористи приликата за потврда на стратешките цели, со изнесените ставови директно се загрозува иднината на државата.

    Во соопштението се нагласува потребата од недвосмислено прифаќање на преземените меѓународни обврски.

    „Наместо јасно и недвосмислено да ја потврди европската обврска и да каже дека внесувањето на малцинствата во Уставот е патот за заштита на македонскиот идентитет и јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Словенија продолжува со празна реторика со која само ја слабее позицијата на Македонија. Прво ќе беше поодветно да каже… дека преговарачката рамка за влез во ЕУ – од која е дел и францускиот предлог – дури повеќе од Преспанскиот договор го осигурува македонскиот идентитет како посебен народ и македонскиот јазик како негова клучна одредница. Тоа се постигнува токму со внесување на бугарското малцинство во Уставот на Македонија.“

    Дополнително, од СДСМ упатија стручни забелешки за начинот на кој претседателката ги елаборираше македонските уставни решенија пред странската јавност.

    „Второ, Сиљановска во Словенија раскажува како македонскиот Устав предвидува права на малцинствата „општо“, за разлика од уставите на други земји. Но, тоа е празна реторика. Уставот и правниот систем ефективно ги препознаваат и реализираат правата само на оние малцинства кои се наведени во неговата Преамбула… Разочарувачки слабо толкување на правата на малцинствата и на македонскиот Устав од страна на професорката по уставно право. Со ова се слабее македонската позиција пред Европа и се даваат аргументи на оние кои сакаат да ја блокираат нашата европска иднина.“

    Партиската реакција завршува со тврдење дека темата за малцинствата се користи за внатрешна пропаганда и за заштита на владејачката структура, со порака дека уставните измени се единственото решение за напредок.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: ВМРО бара алиби за неисполнување на реформите, а не обединување на граѓаните

    19.05.2026 во 18:31

    Собранието изгласа серија закони за МВР, полицијата и образованието

    19.05.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.