Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Европскиот Парламент ја одликуваше Меркел

    Европскиот Парламент ја одликуваше Меркел

    19.05.2026 во 19:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска во Стразбур го прими Европскиот орден за заслуги, со кој Европскиот парламент ѝ оддаде признание за нејзиниот децениски ангажман и посветеност на Европската Унија. Таа е вклучена меѓу првите 20 добитници на ова одликување како „истакнат член“, што претставува највисокото ниво на ова признание, заедно со Володимир Зеленски и Лех Валенса.

    Во својот говор пред европратениците, Меркел упати сериозно предупредување дека современата демократија се наоѓа под голем притисок, нотирајќи ја и улогата на дигиталниот простор.

    Поранешната канцеларка повика на безусловно зачувување на демократијата, мирот и просперитетот како клучни ветувања кон граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека преку дезинформациите на социјалните мрежи директно се загрозуваат темелите на просветителството. На свечената церемонија со свој говор се обрати и првиот човек на Европскиот парламент, ставајќи акцент на процесот низ кој поминал континентот.

    „Европа не ни е дадена на подарок – истакна претседателката на Парламентот, Роберта Мецола, за време на церемонијата. – Таа се градеше договор по договор, криза по криза, и тоа од луѓе кои избраа солидарност наместо поделби и соработка наместо личен интерес“

    За време на нејзиното раководење со Германија од 2005 до 2021 година, Меркел се стекна со епитетот „кризен менаџер на Европа“, водејќи го континентот низ еврокризата, бегалската криза, Брегзит и пандемијата. Покрај неа, со орденот беа одликувани главно поранешни лидери на земји-членки, поранешни челници на ЕЦБ и на НАТО, но и личности од уметноста, како ирската рок-група „У2“ (U2).

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.