Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО бара алиби за неисполнување на реформите, а не обединување на граѓаните

    СДСМ: ВМРО бара алиби за неисполнување на реформите, а не обединување на граѓаните

    19.05.2026 во 18:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската СДСМ преку официјално соопштение упати остри критики до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека повиците за обединување се само изговор за застојот во реформските процеси. Од партијата порачуваат дека вистинскиот интерес на државата подразбира итни чекори на европскиот пат, а не изолација.

    Во соопштението јавно се поставува прашањето за мотивите зад владините повици до јавноста и опозицијата.

    „ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите. За што да се обединиме? За криминал и корупција? За блокада на патот кон ЕУ? За изолација на Македонија? Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа. Тоа би било вистинско обединување – во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на европската иднина на државата.“

    Од опозицијата директно го прозваа премиерот Христијан Мицкоски, потсетувајќи го на роковите што самиот ги најавил.

    „СДСМ ќе поддржи сè што е во интерес на граѓаните, но нема да даде алиби за неисполнување на тоа што Мицкоски лично го вети до 1. Јуни. Мицкоски, уште 12 дена остануваат до уште едно признание – дека организираната криминална група ВМРО всушност не сака во ЕУ. За сето ова не му е потребен СДСМ, како што не му беше потребен ни за укинување на техничката влада… Доста веќе лаги и манипулации. Граѓаните го гледаат тоа јасно. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.“

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.