Close Menu
Press24
    Најново

    Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага

    27.07.2026 во 09:39

    Тошковски ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод

    27.07.2026 во 09:30

    Штрајк на грчките цариници ги блокираше Богородица, Дојран и Меџитлија!

    27.07.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага
    • Тошковски ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод
    • Штрајк на грчките цариници ги блокираше Богородица, Дојран и Меџитлија!
    • Водата во Скопје е безбедна за пиење
    • Денеска не излегувајте без чадор
    • На 75-годишна возраст почина легендарниот Гоце Тодоровски!
    • Гостивар денеска треба да добие техничка вода
    • СДСМ: Гостивар утре ќе добие „технички исправна вода“ – Како да им веруваме?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија ќе го користи литванскиот модел за заштита од сајбер-напади

    Македонија ќе го користи литванскиот модел за заштита од сајбер-напади

    19.05.2026 во 16:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас.

    На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални закани.

    Министерот Андоновски истакна дека сајбер-безбедноста е еден од клучните предуслови за успешна дигитална трансформација, доверба во дигиталните услуги и заштита на институциите и граѓаните.

    „Градењето отпорност во сајбер-просторот е прашање на соработка и координација. Денешните дигитални закани не познаваат граници, затоа одговорот мора да биде заеднички, организиран и заснован на доверба меѓу институциите и партнерите. За Македонија е особено важно да учи од земји како Литванија, кои успешно ги поврзуваат одбранбените, цивилните и технолошките капацитети во единствен систем на заштита“, истакна Андоновски.

    Во рамки на средбата беше одржана и презентација од Националниот центар за сајбер-безбедност на Литванија, со фокус на литванскиот модел за координација, превенција и одговор на сајбер-инциденти.

    Литванија е партнерска земја со сериозно искуство во областа на националната сајбер-отпорност и дигиталната безбедност. На средбата беше нагласено дека соработката меѓу двете земји е значајна не само во рамки на НАТО-сојузништвото, туку и како партнерство засновано на пријателство, доверба и заеднички вредности.

    Заменик-министерот Годлиаускас истакна дека Литванија не ја гледа Македонија само како НАТО-сојузник, туку и како пријателска земја со која постои простор за продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес.

    Средбата претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката во областа на сајбер-безбедноста помеѓу двете држави.

    Прочитај повеќе

    Човечки череп пронајден кај Подгоречкото Езеро, во тек е истрага

    27.07.2026 во 09:39

    Тошковски ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод

    27.07.2026 во 09:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.