Close Menu
Press24
    Најново

    Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра

    19.05.2026 во 15:31

    Полицијата во акција: Лишени од слобода седум лица, возеле без дозволи и пијани

    19.05.2026 во 15:17

    МВР со детали за вчерашната тепачка пред Министерството за правда

    19.05.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра
    • Полицијата во акција: Лишени од слобода седум лица, возеле без дозволи и пијани
    • МВР со детали за вчерашната тепачка пред Министерството за правда
    • (ВИДЕО) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува
    • Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси
    • Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче
    • Насилство во скопско средно училиште: Средношколец физички нападнал соученичка која подолго време психички ја малтретирал
    • Одлична вест: Евтината струја во текот на денот може да се зголеми на 5 часа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра

    Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Презентирани електронски докази за штета од 36 милиони евра

    19.05.2026 во 15:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со презентација на електронски докази и документација од болничкиот систем „ХИС“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи доказната постапка за предметот „Онкологија 2“. Во овој случај, поранешниот директор на Клиниката Никола Васев и организацискиот директор Нехад Нухи се обвинети дека преку фиктивни набавки и злоупотреби со скапа терапија го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра.

    Според обвинението, двајцата обвинети во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата. Обвинителството пред судот презентираше три цедеа со електронска документација, меѓу која ексел табели и скенирани документи со податоци за хоспитализации, медицински досиеја, финансиски пресметки и јавни набавки на терапија.

    „Со ова се прикажува вкупниот вид и количина на лекови, колку е евидентирана како потрошена и од страна на кој лекар е одобрена за апликација при прием и испис“, рече јавната обвинителка.

    На вака изведените докази реагираше одбраната. Адвокатката Анита Бегова, бранителка на второобвинетиот Нухи, приговараше дека се презентираат ексел табели и копии без заверка, наместо официјални финансиски документи.

    „Наместо завршни сметки за финансиски податоци од УКРО, обвинителството презентира некакви ексел табели … Во најголем дел документите со во копија без печат „верно на оригинал“ и потпис, со што нивната автентичност не може да се испита, па се неподобни како доказ. Дел од документите се во електронска верзија, чија автентиност исто така, не може да се испита, ниту пак изворот од каде се обезбедени овие документи. Вакви докази не се изведуваат туку треба да се издвојат и ковертираат“, вели Бегова.

    На претходното рочиште, одбраните на двајцата обвинети имаа спротивставени ставови за динамиката на судењето. Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, побара читање само на клучните докази за да се избегне одолжување на постапката, додека одбраната на Нухи инсистираше секој доказ поединечно да биде презентиран во судница.

    Покрај овој предмет, во тек е и постапката „Онкологија 1“, во која Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување пациенти.

    Прочитај повеќе

    Полицијата во акција: Лишени од слобода седум лица, возеле без дозволи и пијани

    19.05.2026 во 15:17

    МВР со детали за вчерашната тепачка пред Министерството за правда

    19.05.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.