Close Menu
Press24
    Најново

    Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси

    19.05.2026 во 15:05

    Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче

    19.05.2026 во 15:02

    Насилство во скопско средно училиште: Средношколец физички нападнал соученичка која подолго време психички ја малтретирал

    19.05.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси
    • Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче
    • Насилство во скопско средно училиште: Средношколец физички нападнал соученичка која подолго време психички ја малтретирал
    • Одлична вест: Евтината струја во текот на денот може да се зголеми на 5 часа
    • Тешка несреќа на работа во Скопје: Скопјанка со тешки повреди итно пренесена на Ургентен по пад во ГАК Чаир
    • Драма во Кондово: Татко нападнат со кундак од пиштол откако се обидел да ја спаси ќерката која ја држеле за врат
    • Муцунски: Успешно го заокруживме претседателството со Јадранско-јонската иницијатива во Скопје
    • Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси

    Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси

    19.05.2026 во 15:05Updated:19.05.2026 во 15:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци.

    На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“.

    Во своето обраќање, министерот нагласи дека Разловечкото востание од 1876 година е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, оценувајќи дека токму овде „македонскиот народ го разгорел жарот што подоцна прераснал во силен ослободителен бран низ цела Македонија“.

    „Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а тишината е најстрашната форма на ропство“, рече Љутков, додавајќи дека малите, на прв поглед „неуспешни“ востанија, се искрите од кои се раѓаат големите слободи.

    Љутков додаде дека Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Тој додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на историската меморија затоа што, како што нагласи: „секој обновен споменик, секоја зачувана приказна и секое спомнато име на разловечките јунаци претставува тивок, но моќен отпор против заборавот“.

    На крајот тој им оддаде почит на Димитар Поп Георгиев Беровски, Поп Стојан Карастоилов, Илија Марков-Дедо Иљо Малешевски, Никола Скрижовски и на сите познати и непознати учесници во Разловечкото востание, оценувајќи дека нивното дело ќе остане вечен извор на македонскиот непокор, достоинство и стремеж кон слободата.

    Прочитај повеќе

    Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче

    19.05.2026 во 15:02

    Насилство во скопско средно училиште: Средношколец физички нападнал соученичка која подолго време психички ја малтретирал

    19.05.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.