Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлична вест: Евтината струја во текот на денот може да се зголеми на 5 часа

    Одлична вест: Евтината струја во текот на денот може да се зголеми на 5 часа

    19.05.2026 во 14:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Домаќинствата во Македонија би можеле да добијат значително повеќе часови со евтина електрична енергија во текот на денот. Ова го најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, откривајќи дека во тек е детална анализа на сегашниот систем на блок тарифи.

    Главната цел на овој процес е граѓаните да добијат пониски сметки преку подобро искористување на струјата произведена од обновливи извори на енергија.

    Според Ристов, актуелниот систем на блок тарифи бил воведен како итна мерка за време на енергетската криза, но оттогаш состојбите на пазарот значително се промениле. Сега се размислува за нов модел кој би овозможил поевтината струја од фотоволтаичните централи да стигне директно до домаќинствата.

    Регулаторот објаснува дека во одредени периоди од денот има големо производство на електрична енергија од сончевите електрани, а идејата е таа енергија да се насочи кон граѓаните наместо да остане неискористена.

    Како една од клучните опции што моментно се разгледуваат во РКЕ е проширување на дневната евтина тарифа од сегашните два на вкупно пет часа дневно, мерка која значително би ги олеснила месечните трошоци на семејствата.

    Во однос на ноќната евтина тарифа, Ристов посочи дека таа нема да се укине, но можно е да претрпи одредени корекции во временскиот период на важење. Сите конечни одлуки ќе бидат донесени по завршувањето на анализите што ги подготвува Комисијата.

    Прочитај повеќе

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22

    Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции

    07.07.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.