Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

    19.05.2026 во 13:47

    Приведен косовски државјанин: Со 203 км/ч дивеел кај Гевгелија

    19.05.2026 во 13:45

    СДСМ: ВМРО слави туѓи победи

    19.05.2026 во 13:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот
    • Приведен косовски државјанин: Со 203 км/ч дивеел кај Гевгелија
    • СДСМ: ВМРО слави туѓи победи
    • Инцидент на границата со Русија: Авион на НАТО собори дрон во Естонија
    • Голем број скопски населби утре ќе останат без струја
    • Поројни дождови и грмежи зафатија делови од Македонија
    • ВЛЕН носи решенија: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите
    • Сиљановска-Давкова од Љубљана: Измените да стапат на сила по преговорите, ветото мора да биде за Копенхашките критериуми, а не за идентитетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

    Филипче: Какво може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

    19.05.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши – какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека токму одбивањето на ВМРО да го поддржи предлог-законот на СДСМ за забрана на двојни државјанства за функционери е потврда за сето ова.

    „Одбија да го прифатат предлог-законот наш на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кој премиерот, вицепремиерите, министрите, членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства. Се поставува прашањето зошто тоа го направија, затоа што пола Влада требаше веднаш да си замине. Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во Владата врие од луѓе со бугарски пасоши“, рече Филипче.

    Во тој контекст, Филипче додаде дека Владата на ВМРО има двојни стандарди кога станува збор за односот кон Бугарите во Уставот и функционерите со бугарски пасоши.

    „Може целата Влада да биде составена од луѓе кои што во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот, е тоа не може“, рече Филипче.

    На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека власта со години шири страв и манипулира со темата за националниот идентитет, иако највисоките функционри на ВМРО признаа дека клучните државни договори и стратешки определби се исправни.

    „Какво лицемерие и какво лажење на сопствените граѓани. Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет, јазикот, културата. Па признаа дека благодарение на НАТО, нашата безбедност е гарантирана и тоа придонесува за подобра бизнис клима. И сега дојде време за уште едно признание, дека Мицкоски има влада полна со луѓе со бугарски пасоши и бугарски државјанства“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: ВМРО слави туѓи победи

    19.05.2026 во 13:28

    ВЛЕН носи решенија: Наместо празни зборови и манипулации, градиме сигурна иднина за младите

    19.05.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.