Close Menu
Press24
    Најново

    Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции

    19.05.2026 во 12:05

    Ѓорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе

    19.05.2026 во 11:59

    Жерновски за собирот во Куманово: За власта туѓ политички митинг е „братска поддршка“ кога им одговара, а „национална катастрофа“ кога не им одговара

    19.05.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции
    • Ѓорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе
    • Жерновски за собирот во Куманово: За власта туѓ политички митинг е „братска поддршка“ кога им одговара, а „национална катастрофа“ кога не им одговара
    • УХМР со предупредување: Доаѓа дестабилизација, невреме и поројни дождови за продолжениот викенд
    • Масакр во Сан Диего: Двајца тинејџери убија три лица, па се самоубија
    • Приведен дилер од гостиварско – останува во Идризово 18 месеци
    • Филипче: Не постои поубаво чувство од спасување човечки живот
    • (ФОТО) Македонец во чевлата се обидел да прокриумчари златна плочка вредна 4,5 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции

    Сали од Форумот на ЕУСАИР во Скопје: На регионот му се потребни повеќе координација, поврзаност и заеднички инвестиции

    19.05.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во Скопје официјално беше отворен 11-тиот Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), во организација на Министерството за европски прашања и во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива.

    Форумот, кој оваа година се одржува под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, обедини министри, претставници на Европската комисија, регионални институции, локални власти, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и млади од земјите учеснички во Јадранско-јонскиот регион.

    Во своето воведно обраќање, Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, истакна дека макро-регионалната соработка денес претставува стратешки инструмент за зајакнување на стабилноста, отпорноста и европската интеграција на регионот.

    „ЕУСАИР не е само регионална платформа за соработка, туку конкретен мост кон постепена европска интеграција. Во време на сериозни геополитички и економски предизвици, на регионот му се потребни повеќе координација, поголема поврзаност и повеќе заеднички инвестиции,“ истакна Сали.

    Тој нагласи дека проширувањето на Европската Унија останува стратешка инвестиција за мирот, стабилноста и просперитетот на Европа, при што земјите од Западен Балкан треба да продолжат да напредуваат на европскиот пат преку кредибилни реформи и регионална соработка.

    Во рамки на Форумот се одржа и Министерскиот состанок на Јадранско-јонскиот совет/ЕУСАИР, на кој учесничките земји ја усвоија Скопската декларација, со која повторно ја потврдија заложбата за зајакнување на регионалната соработка, поддршката на процесот на проширување и унапредувањето на заедничките европски приоритети.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски од Форумот на ЕУСАИР: Испраќаме силна порака дека кога работиме заедно можеме многу повеќе

    19.05.2026 во 11:59

    Жерновски за собирот во Куманово: За власта туѓ политички митинг е „братска поддршка“ кога им одговара, а „национална катастрофа“ кога не им одговара

    19.05.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.