Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ

    19.05.2026 во 09:38

    СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски

    19.05.2026 во 09:32

    Поскапеа бензините и дизелот, еве го новиот ценовник на горивата

    19.05.2026 во 09:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ
    • СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски
    • Поскапеа бензините и дизелот, еве го новиот ценовник на горивата
    • Цената на нафтата повторно скокна
    • Дневен хороскоп: Овенот ќе добие важна информација, кај Вагата се отвора нова перспектива поврзана со иднината
    • Неколку скопски општини денеска ќе останат без струја
    • Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
    • Подгответе се за невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството не смее да биде штит за криминалот на СДС и ДУИ

    19.05.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На граѓаните им е доста од обвинителства под политичка команда на политичките партии СДС и ДУИ. Случајот „Мазут“ е доказ дека СДС и ДУИ со години го користат правосудниот систем за свој личен штит и заштита на криминалот и личните партиските интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Случајот Мазут е доказ дека тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката.

    Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС.

    Абази кој дојде на местото на Русковска во ОЈО ГОКК, комшија на Ахмети од Зајас, кој функционира на начин како што Али Ахмети ќе му каже.

    Коларевиќ и Абази, застанаа цврсто во одбрана на криминалот на функционерите на СДС и ДУИ наречен “Мазут” вреден 167 милиони евра, и ги амнестираа Васко Ковачевски, Асмир Јахоски, Адријан Муча, Ратко Капушевски и Ерџан Сулковски без да ги спроведат во судница.

    Што стои зад запирањето на постапката? Дали корупција, односно подмитување на обвинителите? Зошто Советот на јавни обвинители на Башким Бесими молчи и не бара и тој одговори за стопирањето на постапката?

    Недозволиво е обвинители да се однесуваат како продолжена рака на политички центри на моќ. Недозволиво е институциите да ги игнорираат сомнежите, извештаите и информациите кои со месеци ја брануваа јавноста. Уште понедозволиво е јавноста да остане без одговор како и зошто е стопирана постапка за афера тешка 167 милиони евра.

    Потребна е итна, независна и целосна истрага за сите аспекти на случајот „Мазут“, како и одговорност за секој што евентуално ја злоупотребил својата функција. Граѓаните заслужуваат правда, а не политички договори и институционален молк.

    Времето на неказнивост мора да заврши“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Граѓаните добија уште едно признание од ВМРО-ОКГ – врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски

    19.05.2026 во 09:32

    Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ – донесени се повеќе кадровски решенија

    18.05.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.