Close Menu
Press24
    Најново

    На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра

    18.05.2026 во 23:43

    Турција: Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со крвавиот пир, најмалку 6 усмртени

    18.05.2026 во 23:17

    Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ – донесени се повеќе кадровски решенија

    18.05.2026 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра
    • Турција: Ја убил поранешната сопруга, па продолжил со крвавиот пир, најмалку 6 усмртени
    • Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ – донесени се повеќе кадровски решенија
    • Дипломатска бура во Загреб: Милановиќ го блокира амбасадорот на Израел
    • ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче нема желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија
    • Американец заразен со хантавирус почина: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“
    • „Луѓето обично го кажуваат ова пред да умрат“: Најмногу жалат за една работа
    • Украина влегува во нова фаза од војната: Првата домашна лизгачка бомба е подготвена за борба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра

    На Шакира ќе ѝ бидат вратени над 60 милиони евра

    18.05.2026 во 23:433 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Колумбиската пејачка Шакира ја доби конечната правна битка со даночните власти во Шпанија кои ќе мора да ѝ вратат повеќе од 60 милиони евра, колку што изнесуваа наметнатиот данок и паричните пенали, кои според мислењето на судот, биле незаконски утврдени.

    Административниот совет на Националниот суд на Шпанија пресуди во корист на колумбиската пејачка и ја поништи постапката врз чија основа таа мораше да плати речиси 55 милиони евра на име данок и пенали, а сега таа сума ќе мора да ѝ биде вратена со камата, пренесува „Паис“.

    Шакира, во соопштението што го објави нејзиниот тим, ја поздрави оваа своја победа и уште еднаш ги критикуваше даночните власти.

    „Никогаш немало никакво затајување, а ниту самата даночна управа никогаш не можеше да го докаже спротивното, едноставно затоа што тоа не беше вистина“, наведе таа.

    Пејачката додаде дека, и покрај тоа, речиси цела деценија била третирана како виновник, а секој чекор во тој процес бил искривуван и преувеличуван, при што нејзиното име и имиџ биле користени да се испрати заканувачка порака до другите даночни обврзници.

    „По повеќе од осум години брутално јавно омаловажување кое го трпев, оркестрирани кампањи со цел уништување на мојата репутација и безброј непроспиени ноќи кои ми го загрозија здравјето како и моето семејство, Националниот суд конечно ги исправи работите“, порача Шакира.

    Судот заклучи дека, спротивно од проценката на шпанската Даночна управа, Шакира не била даночен обврзник во Шпанија во текот на 2011 година, и дека поради тоа не требало во таа земја да плати ниту данок на доход ниту на богатство.

    Даночната управа претходно ја принуди пејачката да плати значителни суми и ѝ одреди големи пенали поради тоа што во Шпанија не го пријавила својот доход. Аргументот на Управата беше дека Шакира во Шпанија била во „романтична врска“ со фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, и дека центарот на нејзиното работење бил во таа земја. Даночната управа, сепак, не можеше да докаже дека пејачката престојувала во земјата подолго од 183 дена годишно, колку што според законот е потребно за некој да биде сметан за даночен обврзник.

    Таа поднесе жалба на пеналите што ѝ беа изречени, а сега шпанскиот суд пресуди во нејзина корист, заклучувајќи дека даночните мерки што ѝ беа изречени се „незаконски“.

    Оваа нејзина правна победа, меѓутоа, не го менува исходот на кривичната постапка против неа, во чии рамки даночната измама е докажана, потсетува весникот. Овој случај се однесува на периодот меѓу 2012 и 2014 година, а Шакира прифати тригодишна затворска казна, која не ја отслужи, како и парични пенали од 7,3 милиони евра.

    Откако постигна договор со обвинителството, пејачката призна дека во наведениот период била даночен обврзник во Шпанија, но сепак избегнала да плати данок.

    Прочитај повеќе

    „Луѓето обично го кажуваат ова пред да умрат“: Најмногу жалат за една работа

    18.05.2026 во 21:47

    Овие пет хороскопски знаци не знаат да штедат и лесно ги трошат парите

    18.05.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.