Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Крива Паланка: Дедото го тепал детето па таткото го тепал дедото
    • Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова од Љубљана: Процесот на проширување на ЕУ да не се кочи со билатерализација врзана за идентитетски прашања

    Сиљановска-Давкова од Љубљана: Процесот на проширување на ЕУ да не се кочи со билатерализација врзана за идентитетски прашања

    18.05.2026 во 14:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на официјалната посета на Република Словенија, денеска во Љубљана одржа заедничка прес-конференција со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, од каде испрати јасна порака во врска со македонските евроинтеграции.

    Сиљановска-Давкова истакна дека Словенија е инспиративен пример за мала европска држава со стабилни демократски институции, при што потврди дека билатералните односи се одлични, со голем потенцијал за продлабочување на соработката во економијата, образованието, науката, културата и туризмот.

    Претседателката се осврна на македонската заедница во Словенија, нагласувајќи ја нивната сè поактивна општествена и политичка улога преку учество во општинските совети и во Националното собрание.

    Во однос на европската интеграција на Македонија, таа јасно укажа на предизвиците со кои се соочува земјава на тој пат.

    „Она што сакам да го потенцирам е да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетските прашања, за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и дигнитетот и интегритетот на индивидуите“, изјави Сиљановска-Давкова.

    Македонската претседателка додаде дека интеграцијата на Западниот Балкан не е само политичко, туку и безбедносно прашање, дополнувајќи дека не е доволна само реторика за да се биде отпорен на туѓи влијанија.

    „Балканот секогаш бил своевиден лакмус за одмерување на силите на важните актери. Ние имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ, и заслужуваме низ призма на Копенхашките критериуми да покажеме зрелост и заинтересираност за европском пат“, потенцираше Сиљановска-Давкова.

    На крајот од своето обраќање, таа изрази благодарност до Словенија за постојаната поддршка, за разбирањето и за пријателскиот однос, со уверување дека оваа средба ќе биде поттик за уште поблиска и посестрана соработка меѓу двете држави.

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.