Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија

    18.05.2026 во 13:08

    Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за правосудниот испит

    18.05.2026 во 13:05

    (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии

    18.05.2026 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија
    • Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за правосудниот испит
    • (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии
    • Лоши вести за возачите: Нафтата и бензинот драстично поскапуваат
    • Кривична пријава за даночно затајување: Буџетот оштетен за над 7,4 милиони денари
    • Сиљановска-Давкова со воени почести пречекана во Словенија, се сретна со Пирц Мусар
    • (ВИДЕО) Спасовски: Поднесовме предлог-измени, членовите на Владата да имаат исклучиво македонско државјанство
    • Мечка усмртила десет овци во тетовско село
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија

    Андоновски во Вилнус: Литванското искуство е значајно за дигиталната трансформација на Македонија

    18.05.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со министерот за економија и иновации на Република Литванија, Едвинас Грикшас.

    На средбата беше истакнато дека дигитализацијата претставува еден од клучните двигатели на економскиот раст, зголемувањето на конкурентноста и модернизацијата на јавниот сектор. Во тој контекст, двајцата министри разговараа за литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартап-екосистемот, GovTech-решенијата и јавните политики, како важен модел за забрзување на дигиталната трансформација.

    „Дигиталната трансформација ја гледаме како основа за економски раст, поконкурентни компании и поефикасни институции. Литванското искуство во поврзувањето на иновациите, стартапите, GovTech-решенијата и јавните политики е особено значајно за Македонија, бидејќи ни отвора простор за конкретна соработка, размена на знаење и пилот-проекти што можат да дадат директни резултати за граѓаните и економијата“, истакна министерот Андоновски.

    Посебен акцент беше ставен на улогата на Министерството за економија и иновации на Република Литванија во поддршката на дигиталната економија, иновациската политика и развојот на технолошките компании.

    Министерот Андоновски истакна дека Македонија ја гледа дигиталната трансформација како стратешки процес кој треба да донесе поефикасни јавни услуги, подобро управување со податоци, поголема интероперабилност меѓу институциите и посилна поддршка за иновации и нови технологии.

    На средбата беа разгледани и можностите за конкретна билатерална соработка во областа на GovTech, развој на AI sandbox-модели, како и подготовка на пилот-проекти што би можеле да бидат применливи во Македонија. Беше предложена и техничка размена меѓу двете министерства, со фокус на иновациска политика, дигитална економија и практични решенија за дигитализација на јавниот сектор. Двете држави веќе соработуваат во пилотирање на решенија за граѓаните преку проектот GovTech4All и програмата на Дигитална Европа.

    Средбата претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во областите на дигиталната трансформација, иновациите и економскиот развој, како и во идентификувањето конкретни можности за техничка помош, размена на експертиза и заеднички иницијативи.

    Во рамки на посетата, министерот Андоновски оствари средба и со министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кештутис Будрис.

    На средбата министерот Андоновски ја истакна важноста реформските чекори што ги презема Македонија во дигиталната агенда, јавната администрација и развојот на дигиталните услуги да бидат видливи и препознаени во регионалните и европските процеси, вклучително и во контекст на Планот за раст, Реформската агенда и евроинтегарциите.

    Прочитај повеќе

    Работна средба во Владата: Мицкоски, Касами и Меџити бараа уставно решение за правосудниот испит

    18.05.2026 во 13:05

    (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии

    18.05.2026 во 13:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.