Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии

    (ВИДЕО) Лукаревска: Голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии

    18.05.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување.

    Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала.

    „Со предложените измени ќе се овозможи редовно и континуирано следење на здравствените потреби на овие лица, намалување на финансискиот товар врз семејствата и обезбедување правична и навремена здравствена услуга“, рече Лукаревска.

    Таа појасни дека целта на законските измени е унапредување на квалитетот на живот и реална инклузија на децата со попреченост. Лукаревска посочи дека постојниот систем не ги следи реалните потреби на корисниците, иако формално постојат механизми како позитивната листа и ортопедските помагала.

    „Досегашната пракса покажува дека постојниот систем не ги следи реалните потреби на корисниците и не обезбедува еднаков пристап до неопходната здравствена поддршка“, рече таа.

    Таа додаде дека голем број семејства се соочуваат со значителен финансиски товар поради потребата од самостојно обезбедување на терапии.

    „Поради тоа, семејствата често се принудени самостојно да ги обезбедуваат потребните терапии, што претставува сериозен финансиски товар и создава нееднаквост во пристапот до здравствена заштита“, појасни Лукаревска.

    Лукаревска се осврна и на проблемот со ортопедските и индивидуалните помагала, истакнувајќи дека ограничувањата не ги следат реалните потреби на пациентите.

    „Во пракса, тоа доведува до ситуации во кои детето користи несоодветно или дотраено помагало, затоа што не е исполнет законскиот рок за негово обновување“, посочи Лукаревска.

    Таа ги образложи и четирите постулати на предложените измени, меѓу кои се проширување на позитивната листа, ревидирање на критериумите, зголемување на опфатот на помагала и почесто нивно обновување.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.