Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

    18.05.2026 во 11:18

    Убиство во Кисељак: Ја убил бабата, ја ранил сопругата, убиецот пронајден тешко ранет

    18.05.2026 во 11:12

    Една општина доделува субвенции до 10.000 денари за инвертери и соларни панели

    18.05.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа
    • Убиство во Кисељак: Ја убил бабата, ја ранил сопругата, убиецот пронајден тешко ранет
    • Една општина доделува субвенции до 10.000 денари за инвертери и соларни панели
    • Овие пет хороскопски знаци не знаат да штедат и лесно ги трошат парите
    • Полицијата во акција: Пишани 1026 казни за два дена, приведени 34 возачи, одземени 23 возила
    • Хорор го потресе регионот: Стан изгоре поради полнач за телефон, бабата, дедото и внуците едвај спасиле жива глава
    • Расте цената на нафтата
    • Понеделник и петок се неработни денови – испланирајте го слободното време
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

    СДСМ: Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

    18.05.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави  „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа, велат од СДСМ.

    „Реалноста е сосема поинаква.

    Граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот.

    Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време предупредуваше.

    Нема пари за повисоки плати, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните во време на економска криза.

    Дури нема ниту за навремена исплата на плати. Во Пошта повторно се доцни со исплатата и вработените се оставени без заработениот труд.

    Во исто време расте дефицитот, расте инфлацијата, а ликвидноста на Буџетот е сериозно нарушена.

    Недостатокот на пари Владата го покрива со нови задолжувања.

    Последно, Владата се задолжува за нови 260 милиони евра, иако само во првиот квартал Мицкоски направи нов долг од 700 милиони евра.

    Владата барала 300 милиони евра, но банките понудиле само 260 милиони евра. За прв пат се случува вакво нешто, што покажува дека дури и финансискиот сектор гледа дека економските политики на Владата се ризични и неодржливи.

    Од доаѓањето на власт до денес, Мицкоски го зголеми јавниот долг за 2,5 милијарди евра.

    Мицкоски е економски дилетант кој младите македонски генерации ги турка во должничко ропство а земјата во изолација“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски да признае за неисполнувањето на ЕУ агендата, без уставни измени нема преговори

    18.05.2026 во 09:23

    ВМРО-ДПМНЕ: Стопирањето на случајот „Мазут“ ги извади на површина конекциите на СДС и ДУИ со судството

    18.05.2026 во 09:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.