Ретко која кампања успева да предизвика толку силна емоција и јавна реакција за толку кратко време.
„Одговорно со технологијата“ не беше само порака, туку искуство што кај многумина создаде чувство на непријатност, страв и размислување токму како што беше и нејзината цел.

Со оваа иницијатива, A1 Македонија и Министерство за внатрешни работи покажаа дека најсилните кампањи се оние што допираат до емоциите и поттикнуваат промена во однесувањето.
Јавноста ја препозна кампањата како моќен потсетник дека технологијата треба да се користи одговорно и дека вниманието во сообраќајот може да спаси живот.

