Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија

    Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија

    18.05.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од нејзината словенечка колешка, Наташа Пирц Мусар.

    Според агендата, предвидено е двете претседателки да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

    Во рамки на официјалниот дел од посетата, Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

    Предвидено е македонската претседателка да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните во Словенија.

    Посетата започна уште во текот на вчерашниот ден, кога Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде се сретна со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.

    Таа оствари средби и со голем број македонски иселеници кои работат и дејствуваат во областа на науката, културата и медицината во оваа земја.

    Во текот на вчерашното попладне, претседателката одржа состанок и со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, а во вечерните часови го посети Македонското културно друштво во Крањ.

    Официјалната посета продолжува и утре, кога претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.