Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани
    • Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел
    • Нови сообраќајни правила во и ЕУ
    • Мицкоски утре на промоција на проектот „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“
    • Утре повеќе скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Петрушевски: Филипче доживува дебакл
    • Сиљановска-Давкова во Салцбург: Проширувањето кон Западен Балкан е тест за геополитичкиот капацитет на ЕУ
    • Семеен хаос во Скопје: Се степале двајца браќа и нивната мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија: Густа агенда во Љубљана и Крањ

    Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија: Густа агенда во Љубљана и Крањ

    17.05.2026 во 10:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска престојува во повеќедневна официјална посета на Република Словенија. Посетата, која има за цел продлабочување на билатералните односи и поддршката на македонските евроинтеграции, вклучува низа средби со словенечкиот државен врв, претставници на македонската дијаспора и бизнис заедницата.

    Официјалниот протокол со највисоки државни почести е закажан за утре, кога претседателката ќе се сретне со својата словенечка колешка.

    „Сиљановска-Давкова утре во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. Во рамки на посетата на Словенија предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.“

    Првиот ден од посетата е ставен во знак на поврзување со македонските иселеници и претставниците од бизнис секторот, со фокус на културното наследство и економската соработка.

    „Македонската претседателка денеска ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и ќе оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори. Таа ќе се сретне и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ ќе го посети Македонското културно друштво. Во вторник, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.“

    Прочитај повеќе

    Минчев го промовираше Практичниот водич за комуникација со лица со оштетен слух: Институциите достапни за сите граѓани

    28.09.2026 во 14:28

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.