Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува

    Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот јавно да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува

    15.05.2026 во 21:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати жестоки критики кон извршната власт за време на вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител. Тој го оцени како крајно скандалозно однесувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој јавно на телевизија признал дека телефонски комуницира со јавниот обвинител, се интересира за тековни истраги и директно се меша во работата на правосудните органи.

    Димитријевиќ потенцираше дека обвинителството и судството уставно мора да бидат целосно независни од политичките центри на моќ. Според него, недозволиво е високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои портпаролката Марија Митева и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во јавноста оркестрирано да се обидуваат да го оправдаат ваквото однесување и да ја претстават ваквата противзаконска комуникација како нормална пракса во една демократска држава.

    „Скандалозно е премиер на една држава со јасно поделена власт да излегува на медиуми и да раскажува како го прашува обвинителот до каде е истрагата, а уште поскандалозно е што и самиот обвинител го потврдува тоа. Сега гледаме една цела плејада функционери кои нè убедуваат дека е нормално премиерот да се интересира за детали од истрагите и да сугерира како тие да се одвиваат. Со самиот избор на овој јавен обвинител, кој беше личен предлог на Мицкоски, ние изразивме сериозни сомнежи за партизација, а ова што се случува денес е само директна потврда за тоа“, изјави Димитријевиќ.

    Во рамки на интервјуто, високиот функционер на опозицијата укажа дека во изминатиот период се наталожиле голем број скандали на актуелната власт кои воопшто немаат институционална завршница, додека премиерот во повеќе наврати го користи своето политичко влијание. Како пример, Димитријевиќ потсети дека Мицкоски и од собраниската говорница отворено му кажувал на обвинителот што треба да прави, споделувал лични предвидувања за судски пресуди и јавно се заканувал кон претставниците на опозицијата.

    Генералниот секретар на СДСМ заклучи дека во последните две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сè што е законски и морално ненормално, преку ноќ станало секојдневна нормалност во општеството. Тој упати силна порака дека со ваквите притисоци врз обвинителите мора итно да се престане, со цел да се спаси и онака кревката доверба на граѓаните во правниот систем на државата.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.