Close Menu
Press24
    Најново

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45

    Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината

    10.07.2026 во 22:26

    Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат

    10.07.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
    • Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
    • Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
    • Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
    • Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
    • Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби
    • Приведен 26-годишник, осомничен е за убиство на поранешната британска министерка
    • Џенифер Лопез на модната недела во Париз се појави со сестра ѝ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ

    „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ

    15.05.2026 во 14:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

    По цела деценија, „Реплек“ останува единствена компанија во регионот која развојот, производството и стабилноста на производите од медицински канабис ги темели на најстроги фармацевтски стандарди и на долгогодишното искуство во фармацевтското производство. Токму ваквиот пристап овозможува гаранција за безбедност, највисок квалитет и стандардизиран производ, што претставува особено значаен предизвик кога станува збор за производи добиени од растителна суровина.

    Во пресрет на овој јубилеј беше остварен значаен успех – реализација на првиот извоз на производите на база на медицински канабис од „Реплек“ на строгите пазари на Европската унија. Пласманот на ваков пребирлив пазар го потврдува квалитетот на портфолиото и во овој фармацевтски сегмент, што „Реплек“ посветено го создаваше во изминатите 10 години.

    „Кога пред 10 години стартувавме со овој фармацевтски сегмент, пазарот во земјава реагираше со скептицизам. Бевме пионери во ова поле, и на македонскиот, исто како и на регионалниот пазар. Решивме да бидеме истрајни и напорно да работиме во реализацијата на оваа идеја, а од сегашна перспектива можеме да кажеме дека нашата одлука беше исправна, што се докажа и со успешно реализираниот извоз на пазарот на Европската Унија. За пласман на овие производи има сериозен потенцијал, бидејќи глобалниот пазар на производи од канабис продолжува да бележи силен раст, а потенцијалот за националната економија е голем и треба да биде искористен“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

    Во насока на обезбедување точни, проверени и стручно засновани информации за сите засегнати страни, „Реплек“ во ноември минатата година го отвори КА-информативниот центар наменет за информирање за производите на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков тип во земјава и е основан како подружница на „Реплек“, а функционира како платформа на компанијата која овозможува транспарентна и одговорна комуникација за сите прашања поврзани со употребата на овие производи.

    КА-информативниот центар има значајна улога во надминување на стереотипите поврзани со медицински канабис и е точка на доверба меѓу компанијата, потрошувачите и стручната јавност. Откако пред една деценија компанијата го стартуваше производството на производи на база на медицински канабис, таа го водеше процесот систематски и одговорно, обезбедувајќи силни производствени и контролни стандарди.

    Производствениот процес на „Реплек“ се базира на современа суперкритична CO₂ екстракција и технологија која овозможува висока селективност, репродуктивност и стабилност на екстрактите. Се користи индустриска опрема од реномирани европски производители, а ваквата модерна и валидирана технологија обезбедува поголема ефикасност и подобар принос од суровините, со доследен квалитет во секоја серија. Темелите на овој успех се континуираните инвестиции во напредни технологии, како и врвната експертиза на професионалниот тим на компанијата.

    Портфолиото на „Реплек“ во овој сегмент опфаќа три групи производи, и тоа ЦБД масла, козметика со медицински канабис, како и производи со ЦБД и ТХЦ наменети како дополнителна терапија кај сериозни заболувања, секогаш употребувани во рамки на строгите регулаторни прописи.

    Со своето десетгодишно искуство, потврдениот квалитет, како и извозот на пазарот на Европската Унија, „Реплек“ денес сериозно ја позиционира земјава на мапата на современата и одговорна фармацевтска индустрија на медицински канабис.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода

    10.07.2026 во 22:45

    Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината

    10.07.2026 во 22:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.