Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Запалиле кабли и го загадиле воздухот – Тројца охриѓани ќе одговараат кривично
    • Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Со заедничка работа и партнерство државата може побрзо да напредува

    Николоски: Со заедничка работа и партнерство државата може побрзо да напредува

    15.05.2026 во 13:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за транспорт, Александар Николоски, во рамки на Самитот „Македонија 2025“ оствари средба со претставници на организацијата и нивни блиски соработници, со кои разговараше за промоција на земјава на светската сцена и за економските реформи.

    Николоски преку социјалните мрежи информираше за деталите од разговорите, потенцирајќи ја улогата на истакнатите претставници на македонската дијаспора во Канада.

    „Во рамки на Самитот „Македонија 2025“ остварив значајна средба со нашите долгогодишни пријатели на Македонија, Џон и Јордан Битов сопственик на најголемиот дневен весник во Канада „Toronto Star“, како и со Марко Мендасино, поранешен министер, член на Парламентот на Канада и член на Владата“, објави Николоски.

    Тој упати признание до семејството Битов за нивниот долгогодишен ангажман и лобирање за македонските интереси уште од прогласувањето на независноста.

    „Семејството Битов игра водечка улога во нашата дијаспора, заслужни се за многу успеси на Македонија од самостојноста до денес“, подвлече вицепремиерот.

    Примарниот фокус на разговорите бил насочен кон искористување на потенцијалите на иселеништвото во клучните општествени сектори преку трансфер на знаења и нови технологии.

    „Разговаравме за економските политики на Македонија, размена на знаење, употреба на дигитални технологии, поддршка за образованието, здравството и институциите“, се вели во објавата.

    Николоски заклучи дека пријателите на државата во странство остануваат важен столб за нејзиниот понатамошен развој.

    „Со заедничка работа и партнерство, Македонија може побрзо да напредува и да стане посилна и поконкурентна држава“, порача тој.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери

    19.09.2026 во 10:54

    ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот

    19.09.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.