Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан
    • Реконструкција на водоводната мрежа – улица „150-та“
    • Јаневска: Во нови училишта инвестирани се 35 милиони евра, а во образовната инфраструктура вкупно 78 милиони евра
    • BALFIN Group: Поглед подалеку од актуелните пазари
    • Андоновски: Ниту еден податочен центар нема да има предност пред снабдувањето на граѓаните со струја и вода
    • 24-годишник тешко повреден откако паднал со мотоцикл во дворот од куќата
    • Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот
    • Внук го нападнал својот 68-годишен дедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР го бара сопственикот на волкот од Козле: Казната за чување диво животно достигнува и до 20.000 евра

    МВР го бара сопственикот на волкот од Козле: Казната за чување диво животно достигнува и до 20.000 евра

    15.05.2026 во 11:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на лицето што го чувало волкот кој пред неколку дена беше заловен во скопската населба Козле.

    Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека интензивно се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано во заробеништво, како и на пронаоѓање на одговорното лице.

    Според законските прописи во земјава, чувањето диви животни без соодветна дозвола е строго забрането и може да донесе сериозни парични казни, кои во одредени случаи достигнуваат и до 20.000 евра.

    Законот за заштита на природата децидно предвидува дека чувањето и размножувањето диви животински видови без соодветни услови и одобренија не е дозволено.

    Овој случај веќе предизвика низа реакции во јавноста, особено по информациите дека животното било пронајдено во лоша здравствена состојба во урбана средина.

    Од Скопската зоолошка градина информираа дека прифатениот волк е млад, тежок околу 25 килограми, но е видно неухранет.

    Прочитај повеќе

    24-годишник тешко повреден откако паднал со мотоцикл во дворот од куќата

    24.09.2026 во 14:31

    Внук го нападнал својот 68-годишен дедо

    24.09.2026 во 14:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.