Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа
    • „Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
    • Илхан Ќучук: Потребна е јасна политичка посветеност на ЕУ кон Балканот
    • Загина пензионер – паднал од мопед
    • СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери
    • Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина
    • Запалиле кабли и го загадиле воздухот – Тројца охриѓани ќе одговараат кривично
    • Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жерновски: Во нормална држава Мицкоски веднаш ќе си дадеше оставка за повикот до јавниот обвинител

    Жерновски: Во нормална држава Мицкоски веднаш ќе си дадеше оставка за повикот до јавниот обвинител

    15.05.2026 во 11:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, смета дека премиерот Христијан Мицкоски треба да поднесе оставка бидејќи јавно признал дека телефонски разговарал со државниот јавен обвинител за конкретен предмет.

    Гостувајќи во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24, Жерновски порача дека опозицијата сериозно ја разгледува можноста за поднесување интерпелација за претседателот на Владата.

    „Премиерот требаше да си поднесе оставка. Заслужува интерпелација, треба да ја размислиме таа опција. Ова не се брани“, рече Жерновски.

    Тој додаде дека ваквиот потег претставува директно кршење на законските прописи и дека во демократски системи тоа повлекува итна одговорност.

    „Во една држава премиер да му се јави на државен јавен обвинител е повод за оставка веднаш. Во нормална држава премиерот си дава оставка. Не е за смеење премиер да му се јави на јавен обвинител за предмет. Мицкоски го прекрши законот, законот бара оставка“, изјави секретарот на СДСМ.

    Реакцијата на опозицијата следува откако премиерот Мицкоски јавно потврди дека остварил телефонски разговор со државниот јавен обвинител, Ненад Савевски, во врска со предметот за набавка на мазут, истакнувајќи дека очекува случајот повторно да биде разгледан.

    Од друга страна, државниот јавен обвинител Савевски исто така потврди дека разговарал со премиерот, но тврди дека во разговорот не биле навлезени во деталите за самиот предмет.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Две години од предавството на ЗНАМ, една љубов – тендери

    19.09.2026 во 10:54

    ВМРО-ДПМНЕ: Партизирано судство градено со години, наместо во слово на законот

    19.09.2026 во 10:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.