Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори

    Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори

    15.05.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостувања во „Ноќно студио“ на 4ТВ дискутираше и за можноста од евентуални предвремени избори при што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за истите кога и да се случат согласно анкетите кои укажуваат на несомнената доверба што партијата ја ужива од страна на граѓаните, додека пак државниот интерес е реализација на инвестиции и програми на коишто е посветена Владата.

    „Мислам дека имаме како Влада навистина стабилно мнозинство и една стабилна коалиција, посветени сме на реализација на владина програма, на она што значи наше ветување пред граѓаните. Ако го гледаме нашиот теснополитички интерес како ВМРО-ДПМНЕ мислам дека можеби би одлучиле и веќе утре да имаме избори согласно состојбите и анкетите коишто покажуваат несомнена доверба којашто ја имаме“ рече Митева и додаде:

    „Но ако гледаме пошироко и ако го гледаме државниот интерес, не ценам дека треба државата да ја воведеме во еден нов изборен циклус којшто навистина ќе изискува и време и финансиски средства. Ова е година во којашто навистина ќе имаме сериозни инвестиции, една реформска година и сметам дека бевме јасни дека треба да имаме редовни избори. Сепак без разлика кога и да се случат ние сме подготвени за истото“.

    Митева се осврна и на очигледната неподготвеност и паника која владее кај опозициската СДС во однос на прашањето за предвремени парламентарни избори, согласно идентитетската криза во СДС и однесувањето што тие го презентираат во јавноста.

    „Жалам што не можам да го видам тоа од страна на опозициската СДС. Јас не гледам дека се подготвени, ниту кадровски екипирани, ниту пак имаат визија, програма нешто што ќе понудат. Таму ценам дека има една идентитетска криза во СДС и повеќе од очигледно е дека има сериозна паника во однос на делот дали би имало или би немало предвремени избори. Гледате ниту поддржаа укинување на техничка влада, за којашто велеа дека истата би требало да се укине. Излегуваат од работни групи за закони коишто се дел од реформска агенда, додека од друга страна држат прес конференции каде што велат дека тие се за Европска Унија и тие се за европска Македонија“, заврши Митева.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.