Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?
    • Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
    • Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
    • ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода
    • Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок

    Откриено од каде се испраќаат лажните пораки за сообраќаен прекршок

    14.05.2026 во 20:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сите лажни пораки, кои ги добиваат граѓаните, а кои се однесуваат дека извршиле некаков сообраќаен прекршок за кој треба да платат казна стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Само интервју“ за Канал 5.

    -Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги испраќаат до македонските граѓани, упатив една порака и претходно. Значи, од македонски број не може да стигне лажна порака за да платите на ова или на тоа. Сите оние лажни пораки стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните. Повторно опозицијата, со дрзок обид за искривување на реалноста, нападна дека токму поради тоа не го поддржале. Тие не можеа да смислат каков проблем би можел да произлезе во иднина, а реално не е проблем што го нема која било друга институција во светот што на електронски начин остварува одредени права или услуги – рече Тошковски.

    Министерот додаде дека земјава мора да го следи технолошкиот развој, кој се случува во другите земји да се примернуваат технолошите решенија, што ги нуди 21. век.

    -Светот мора да се развива, мора да одиме напред. Но тоа не значи дека не треба да ги применуваме сите овие нови технолошки решенија што ни се нудат во 21 век. Што треба сега? Да останеме пред два века? – додаде Тошковски.

    Тој нагласи дека секогаш кога има фишинг напади должни се навремено да ги информираат граѓаните.

    -И повторно напоменувам, кога станува збор за странски број што упатува таков тип порака, „платете тука“ или „платете онде“, тоа треба да се игнорира, затоа што станува збор за измама – додаде Тошковски.

    Прочитај повеќе

    Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата

    24.09.2026 во 11:06

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.