Close Menu
Press24
    Најново

    МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства

    14.05.2026 во 13:11

    Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

    14.05.2026 во 13:05

    Падна дилер од Кавадарци

    14.05.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства
    • Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје
    • Падна дилер од Кавадарци
    • Приведен 35-годишник од Охрид, полицијата му пронашла дрога во домот и возилото
    • Драма во Охрид: Одзел телефон од Германка, па тепал полицајци во станица, по претрес во домот му нашле и дрога
    • (ВИДЕО) Стојаноска: Затворањето на случајот „Мазут“ е доказ за влијанието на Ахмети, Филипче и Заев врз обвинителството
    • (ВИДЕО) Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија дури и од бугарските власти
    • УХМР најавува град: Температурите ќе се спуштат до 5 степени, ветерот ќе достигне брзина од над 70 кm/h
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства

    МОН со поддршка од Македонски Телеком етапно ќе воведува дигитални свидетелства

    14.05.2026 во 13:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Покрај хартиените свидетелства, на крајот од оваа учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства како резултат на заложбите на Министерството за образование и наука за дигитализација на образованието. Ова е значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата реализиран со поддршка од Македонски Телеком.

    „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените коишто постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на документот во секое време. Продолжуваме да ја дигитализираме образовната сфера. Задоволна сум од интензитетот на овој процес, затоа што речиси сите постапки за остварување права и услуги се поедноставени и се реализираат по електронски пат. Преостанува уште уписот во високо образование, а со воведувањето на дигиталните свидетелства, се отвора можност за остварување и на оваа цел “, изјави министерката Весна Јаневска за време на денешната посета на Македонски Телеком.

    Македонски Телеком донираше електронски потписи за сите 368 основни училишта во земјава со што ќе се овозможи поедноставна, побрза и поефикасна реализација на процесот на издавање дигитални свидетелства. 

    „Дигитализацијата на образованието е една од најважните инвестиции во иднината на државата. Денешните ученици се генерации што ќе живеат, учат и работат во целосно дигитален свет, па затоа е важно да создадеме современ, ефикасен и достапен образовен систем. Како лидер во дигиталната трансформација, Македонски Телеком има одговорност активно да ги поддржува процесите што носат долгорочни придобивки за општеството. Со обезбедувањето електронски потписи за сите основни училишта, придонесуваме кон побрза, поедноставна и поефикасна дигитализација на образованието и остануваме силен партнер на институциите во создавање модерни услуги за младите генерации“, изјави Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком.

    Со воведувањето на дигиталните свидетелства, учениците и нивните семејства ќе имаат полесен и побрз пристап до документите, додека училиштата ќе добијат поефикасен административен процес и трајна електронска архива. Секое дигитално свидетелство останува во трајна електронска архива и по потреба и на барање на ученик или неговото семејство, може да биде отпечатено од страна на училиштето. Во следните години, дигиталните свидетелства постепено ќе се воведуваат и за учениците од повисоките одделенија.

    Прочитај повеќе

    Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

    14.05.2026 во 13:05

    Падна дилер од Кавадарци

    14.05.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.