Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар
    • Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Софија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ

    14.05.2026 во 09:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Правдата во Македонија уште еднаш ставена во служба на СДС и ДУИ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ.

    Скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја и сомнежи за перење пари и нанесување штета на животната средина.

    Во случајот во кој цела јавност виде сериозни индиции за тежок криминал, Абази не виде докази и од кривична одговорност ги спаси Васко Ковачевски од СДС и Асмир Јахоски, син на пратеник од ДУИ и нивните партнери.

    Ова не е случајна одлука, туку доказ за големото влијание коешто Венко Филипче, Али Ахмети и Зоран Заев сè уште го имаат кај поединци во обвинителството и судството.

    Ислам Абази лаже кога тврди дека не вршел никакво влијание врз ниеден обвинител, да се донесе ваква одлука за запирање на гонењето на овој сомнеж за криминал од 167 милиони евра. Затоа што, како шеф на ЈО ГОКК, надлежен е еднаш неделно да добива брифинг од подредениот обвинител, за ваквите крупни случаи, а исто така овластен е доколку некој понизок обвинител реши дека не сака, или смета, дека нема основ ваков случај да се води, тој да одлучи случајот да продолжи да се гони, или да го предаде во надлежност на друг обвинител.

    Наместо да биде обвинител којшто ќе гони организиран криминал и корупција, Ислам Абази си ја препишал улогата на судија и дал согласност да се затвори случајот тежок 167 милиони евра, пред истиот да влезе во судска постапка.

    Ова е прв случај, ваков тежок криминал од восок јавен интерес, да се затвори пред да биде доставен во судот и затоа сметаме дека одлуката за затворање на случајот мазут Абази ја донел врз основа на лукративно политички основи, а не на правни или обвинителски аргументи 

    Со вакво постапување, Ислам Абази ќе го претвори ЈО ГОКК во обвинителство за обесштетување на осомничените и притворените за тежок криминал, кое нема да го плати ниту Абази, ниту неговите поддржувачи и спонзори Филипче, Заев и Ахмети туку народот од државниот буџет. 

    А, од друга страна, чесните обвинители кои доследно си ја вршат работата, ќе го носат товарот на недовербата и статистичката грешка од 2%, која се поизвесно по последните постапки да падне и на 1%.

    ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од доследното спроведување на правдата и законот да важи еднакво за сите, затоа го повикуваме Ислам Абази да поднесе оставка, за да се ослободи системот од таквите како него, кои наместо правда носат неправда и го разградуваат правосудниот систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31

    Хаџиевска: Герасимовски и СДС се неспособни да се справат со наездата на глодари, а камоли да ја водат општина Центар

    19.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.