Close Menu
Press24
    Најново

    Денеска е Свети Јеремија: Празник за магиска заштита од змии и влекачи

    14.05.2026 во 09:06

    Понеделник е неработен ден – испланирајте го продолжениот викенд

    14.05.2026 во 09:02

    Времето денеска променливо облачно со услови за дожд и грмежи , за викендот пресврт

    14.05.2026 во 09:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Денеска е Свети Јеремија: Празник за магиска заштита од змии и влекачи
    • Понеделник е неработен ден – испланирајте го продолжениот викенд
    • Времето денеска променливо облачно со услови за дожд и грмежи , за викендот пресврт
    • Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
    • Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска е Свети Јеремија: Празник за магиска заштита од змии и влекачи

    Денеска е Свети Јеремија: Празник за магиска заштита од змии и влекачи

    14.05.2026 во 09:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го слават Свети Јеремија, еден од поголемите пролетни празници во народниот календар. Обичаите и верувањата поврзани со овој ден традиционално се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.

    Во народните песни што се исполнуваат за време на овие обичаи, Јеремија е претставен како митски јунак. Ова покажува дека, иако во основата на празникот е споменот на старозаветниот пророк, обичаите и верувањата водат потекло од најдалечното минато на човештвото.

    Светиот пророк Јеремија живеел шест века пред Исус Христос, а роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Иако Јеремија првично се оправдувал со тоа што е уште мал, сепак не можел да ја одбие Божјата заповед.

    Во времето на неговиот живот, моралот на Евреите бил паднат на многу ниско ниво, а замав зело идолопоклонството. Поради појавата на многу лажни пророци, народот тргнал по погрешен пат, по што Јеремија претскажал дека ако не се откажат од пороците, ќе ги стигне божјата казна.

    Тој на Евреите им претскажал 70-годишно ропство под Вавилон, што набргу се остварило кога царот Навукодоносор го нападнал, разурнал и покорил Ерусалим. Меѓу оние што го оплакувале разурнатиот град бил и самиот пророк, со што настанала познатата „Книга плач Еремиин”. Светиот пророк, меѓу другото, претскажал и дека кога ќе се роди Исус, многу деца ќе настрадаат.

    Подоцна Јеремија бил протеран во Египет, во градот Мисир, каде што по четири години бил каменуван од своите сонародници и го завршил животот. Преданието раскажува дека Александар Македонски за време на својот поход ги пренесол неговите мошти во Александрија.

    Прочитај повеќе

    Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат

    13.05.2026 во 23:47

    Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате

    13.05.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.