Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

    12.05.2026 во 20:01

    Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем

    12.05.2026 во 19:40

    На концерт на Дејвид Гета за 35 денари

    12.05.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%
    • Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем
    • На концерт на Дејвид Гета за 35 денари
    • „Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази
    • Венера Азизи: Историски чекор против коцкањето, Владата со строги мерки за заштита на младите
    • Мисајловски на средби со Калинак и Зуна: Продлабочување на одбранбената соработка со Словачка и Чешка
    • СДСМ: Зошто ВМРО има проблем со малцинствата кога пола влада се Бугари?
    • Првиот човек на СЗО итно во Шпанија поради опасниот хантавирус
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

    Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%

    12.05.2026 во 20:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во село Иловица, општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради што трпат огромни загуби.

    Во продолжение е интегралната изјава на Филипче: 

    „Денеска сме во посета на општина Босилово и како сегаде низ државата и земјоделците и овде во овој регион имаат огромни проблеми.

    Прво, не си исплатени субвенциите, дополнително тие за оваа година во програмата се намалени. Откупните цени се многу ниски на сите рано-градинарски производи. Цената на компирот, посебно е намалена, за околу 30%.

    Станува збор за тотална негрижа од оваа власт и од ова раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Практично министер кој што единствено нешто по што е познат се бројните коруптивни скандали. И човекот е навистина исто како и целата влада, треба да замине.

    Трошоците за производство се зголемени за 300%. Зголемена е цената на работната рака. Зголемена е цената на водата. Зголемени се цените на ѓубривата. И на целиот тој зголемен трошок, откупните цени на сите производи се намалени за близу 30%. Ете за таква негрижа на оваа влада станува збор. Што поскоро се замине, толку подобро за сите граѓани на државата“, изјави Филипче.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Зошто ВМРО има проблем со малцинствата кога пола влада се Бугари?

    12.05.2026 во 18:26

    Филипче: Ваква криминална банда не ја водела државата никогаш

    12.05.2026 во 17:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.