Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат граѓаните: Прво ја кријат средбата, па ја минимизираат вистината

    12.05.2026 во 14:41

    Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

    12.05.2026 во 14:33

    Хаос на свадба: Пет лица приведени по пукање во црковен двор, наместо музика им дојде полиција

    12.05.2026 во 14:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат граѓаните: Прво ја кријат средбата, па ја минимизираат вистината
    • Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија
    • Хаос на свадба: Пет лица приведени по пукање во црковен двор, наместо музика им дојде полиција
    • Ограбен скопјанец додека седел во својот автомобил – крадецот му ја отворил вратата од совозачката страна и му ја украл чантата со пари и документи
    • Скопјанец измамен за над 20.000 евра – му ветиле дека ќе му помогнат при откуп на државно земјиште
    • Апсење на Комплекс клиники „Мајка Тереза“: Приведени шест лица
    • Филков: Со новиот Закон за пробација воспоставуваме праведен систем и поголема заштита на жртвите
    • (ВИДЕО) Милошоски: Ислам Абази ја запре истрагата за мазутот од 167 милиони евра, бараме итна оставка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат граѓаните: Прво ја кријат средбата, па ја минимизираат вистината

    Филипче: Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат граѓаните: Прво ја кријат средбата, па ја минимизираат вистината

    12.05.2026 во 14:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова – Чамова.

    Потоа, кога излегоа информациите на европските медиуми, рече дека тоа било само кратка размена на зборови. Но, најважно од се, која е пораката на министерката на Бугарија, а што Тимчо Муцунски и Христо Мицкоски ја сокрија од јавноста.

    Ја цитирам – „Бугарија има јасно изразен став кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овај прозорец за проширување може да се отвори во наредните години и ако тие не го искористат навистина можат да изгубат“.

    Што значи ова? Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија. Европско, а не билатерално прашање.

    Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, вчера исто така упати порака дека Брисел е подготвен да ги поддржи земјите од регионот, но дека истовремено се очекуваат и реформи. Истото го порача и Марта Кос, дека има место во Европската Унија за сите земји од Западен Балкан, но дека успехот зависи од спроведените реформи на земјите кандидати.

    И сите овие пораки во еден ден. И ова е точно тоа што ние го говориме изминативе повеќе од година дена.А  Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат македонските граѓани. Исто како што историската комисија работи далеку од очите на јавноста, цела година наназад.

    Прво ја кријат средбата, после тоа ја минимизираат. Потоа создаваат вештачки конфликт за да се сокрие вистината. Колку уште лаги се потребни? Колку уште спинувања се потребни?

    Колку уште блокирања на европскиот пат за да заштитат својата криминална група и да продолжат со грабежот на државата? Уште колку лажни вести пласирани од страна на ВМРО, Орбановите медиуми, фармите на тролови и на ботови?

    Што ветуваа, дека ќе го вратат името и дека ќе го поништат Преспанскиот договор? Гласаа против, а сега министерот Муцунски гостува на Еуроњуз и кажува колку НАТО, внимавајте, било позитивна стратешка одлука за иднината на државата и креирање на клима за инвестиции.

    Па вакво разобличување на уште една нивна лага на ваков европски канал досега немало. Луѓето кои што беа против НАТО, кои што беа против Преспанскиот договор, луѓето кои што ќе го поништуваа Преспанскиот договор и ќе го враќаа името, сега го фалат членството во НАТО.

    Меѓутоа, граѓаните сега јасно гледаат. Најголеми предавници на идинината се Христијан Мицкоски и неговата криминална организација. Затоа што нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија.

    Нема повеќе лаги и вистината излегува на виделина. Како што лажат за сето тоа, лажат и за малцинствата. Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка.

    И без тоа нема продолжување на преговорите со Европската Унија. И тоа мора да биде јасно на сите граѓани. Правдата ќе победи. Реформи, правда и Европа. Тоа е вистинскиот пат напред за државата и за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филков: Со новиот Закон за пробација воспоставуваме праведен систем и поголема заштита на жртвите

    12.05.2026 во 14:04

    (ВИДЕО) Милошоски: Ислам Абази ја запре истрагата за мазутот од 167 милиони евра, бараме итна оставка

    12.05.2026 во 14:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.